255
MK
КОНТРОЛА НА USB
Што треба да знаете кога користите USB
1. Некои USB мемориски уреди можат да бидат некомпатибилни до одреден степен со
овој телевизор.
2. Чувајте резервни копии од сите податоци во USB меморискиот уред за да спречите
да ги изгубите во неочекувани ситуации. Не превземаме никаква одговорност за
загубите поради погрешна употреба и лоша работа. Заштитата на податоците е
одговорност на корисникот.
3. Вчитувањето на големи датотеки може да трае подолго.
4. Брзината на препознавање на USB меморискиот уред може да зависи од
индивидуалниот уред.
5. Кога го поврзувате или исклучувате USB меморискиот уред, осигурете се дека
телевизорот не е во USB режим. Во спротивно USB меморискиот уред или
датотеките во него можат да бидат оштетени.
6. Ве молиме користете само USB мемориски уред форматиран во FAT16, FAT32, NTFS
системи на датотеки предвидени од оперативниот систем Windows. Ако уредот
е форматиран во различен систем на датотеки кој не е поддржан од страна на
Windows, можно е да не биде препознат.
7. Кога користите USB хард диск кој има потреба од електричен извор на енергија,
осигурете се дека истиот не надминува 500 mA . Доколку за USB хард дискот
е потребно повеќе од 500mA, телевизискиот систем ќе премине во режим на
приправност. Морате да го извлечете USB хард дискот и да го рестартирате
телевизискиот систем.
8. Ако форматот е неподдржан или датотеката е оштетена, ќе се појави порака
“Неподдржана Датотека”.
9. За обработка на голема слика со висока дефиниција (FHD) потребно е повеќе
време, на што ТВ уредот нема никакво влијание. Ве молиме да бидете трпеливи и да
почекате.
10. Овој телевизор може да не поддржува некои мултимедиски датотеки кои се
изменети и надоградени на начин кој подразбира промена на кодиран формат или
други технички унапредувања.
Поддржани Додатоци на Датотеки на USB
Слика
Вид датотека
Додаток на
датотека
Поддршка на
верзија
Забелешка
JPEG Jpg/jpeg
BMP Bmp
ги поддржува сите
режими
PNG Png MPEG1/2
Поддржува интерлејс
Не подджува режим
на анимација