EasyManua.ls Logo

VOX electronics KS1430 - Пред Да Повикате Сервисер

VOX electronics KS1430
116 pages
Print Icon
To Next Page IconTo Next Page
To Next Page IconTo Next Page
To Previous Page IconTo Previous Page
To Previous Page IconTo Previous Page
Loading...
MK - 90 -
ПРЕД ДА ПОВИКАТЕ СЕРВИСЕР
ДЕЛ - 6.
Ако ладилникот не работи правилно, можеби се работи за помал проблем. Затоа,
проверете го следното.
Апаратот не работи
Проверете дали
• Вашиот фрижидер е приклучен во струја и вклучен
• Цревото прснало
• Дали е соодветна поставената температура?
• Приклучокот е исправен. За да го проверите ова, вклучете друг функционален
апарат во истиот приклучок.
Апаратот лошо работи
Проверете дали
• Дали е соодветна поставената температура?
• Дали врата се отвора и затвора често и била оставена отворена подолго?
• Апаратот е преоптоварен
• Вратите се правилно затворени
• Дали фрижидерот е преполнет?
• Има соодветно растојание помеѓу апаратот и околните ѕидови
• Дали температурата во средината е во опсегот со вредности што се посочени во
упатството за работа?
Апаратот прави бучава
Гасот за ладење што циркулира во колото за ладење прави делумна бука (звук на
баботење) дури и кога компресорот не работи. Не грижете се, тоа е сосема нормално.
Доколку слушнете поинаков звук, проверете дали:
• Апаратот е поставен рамно
• Нешто се допира на задната страна на уредот
• Работите што сте ги ставиле во апаратот вибрираат.
Ако ладилникот работи бучно:
Може да ги слушнете следниве звуци за време на нормална работа на апаратот.
Звук на пукање (како пукање мраз):
• Во текот на автоматското одмрзнување.
• Кога апаратот се лади или топли (поради ширење на материјалот на апаратот).
Се појавува звук како кликнување: Се слуша кога термостатот го вклучува/
исклучува компресорот.
Нормален звук на моторот: Посочува дека компресорот работи нормално. Кога
прв пат го вклучувате апаратот, можно е компресорот да е бучен кратко време.
Звук на клокотење и прскање: Оваа бука ја предизвикува протокот на средството
за ладење во цевките на системот.
Звук на течење на вода: Се јавува поради садот за испарување. Оваа бука е
нормална при процесот на одмрзнување.

Table of Contents

Related product manuals