EasyManua.ls Logo

Bosch Climate Class 8000i Series - Монтажа На Надворешната Единица; Поврзување На Разладните Линии Со Внатрешната И Надворешната Единица; Поврзување На Цевките; Поврзување Одвод За Кондензација На Внатрешната Единица

Bosch Climate Class 8000i Series
192 pages
To Next Page IconTo Next Page
To Next Page IconTo Next Page
To Previous Page IconTo Previous Page
To Previous Page IconTo Previous Page
Loading...
Монтажа
Climate Class 6000i/8000i 6721831489 (2022/11)
92
3.3.2 Монтажа на надворешната единица
Поставете го пакетот исправено.
Исечете ги и отстранете ги ремените што го држат пакетот
затворен.
Отворете го пакетот горе и отстранете го пакувањето.
Зависно од типот на монтажа, подгответе и монтирајте штендер
или ѕидна конзола.
Поставете ја или прикачете ја надворешната единица и
употребете ги доставените или од корисникот снабдените
ублажувачи на вибрации за ногарките.
При монтажа со штендер или ѕидна конзола, испорачаната
дренажна тацна [2] може да се постави со дренажен аголник [3]
врз отворите за дренажа [1] ( слика 12).
Ако капењето вода предизвика проблем, поврзете црево за
дренажа [4].
Отстранете го капакот за спојките за цевка ( Слика 13).
Изведете ги фитинзите за цевките како во
поглавјето 3.4.Изведете ги фитинзите за цевките како во
поглавјето.
Повторно поставете го капакот за спојките за цевка.
3.4 Поврзување на цевките
3.4.1 Поврзување на разладните линии со внатрешната и
надворешната единица
ВНИМАНИЕ
Истекување на разладно средство поради неправилно поврзување
Ако фитинзите се постават неправилно, може да истече разладното
средство.
Ако пренаменувате постоечки компресиски фитинзи, секогаш
изработувајте ги компресиските делови одново.
Бакарните цевки се достапни во метри или инчи, но навојот на
компресиските навртки е секогаш ист. Компресиските фитинзи на
внатрешната и надворешната единица се изработени за инчи.
При употреба на метрички бакарни цевки, компресиските
навртки треба да се заменат со други што имаат одговарачки
дијаметар ( Табела 6).
Одредување на дијаметар и должина на цевка ( Страница 90).
Исечете ја цевката со секач за цевки ( Слика 7).
Измазнете го крајот на цевката и исчистете го од деланки.
Поставете ја навртката на цевката.
Проширете ја цевката со соодветен алат за да одговара на
димензиите од Табела 6.
Навртката мора да може лесно да се поставува на работ,
но не и да испаѓа од него.
Поврзете ја цевката и затегнете ја спојката со вртежната сила
дадена во Табела 6.
Повторете го чекорот горе за втората цевка.
HAПOMEHA
Намалена ефикасност поради размена на топлина меѓу
разладните линии
Изолирајте ги топлински разладните линии одделно една од
друга.
Поставете ја изолацијата на цевките и фиксирајте ја.
Таб. 6 Спецификации за фитинзите за цевки
3.4.2 Поврзување одвод за кондензација на внатрешната
единица
Садот за кондензат на внатрешната единица е опремен со два
приклучока. Фабрички се монтирани црево за кондензација и
чепови, коишто можете да ги смените ( Слика 6).
Поставете го цревото за кондензација така што ќе има пад за
слевање на кондензатот.
3.4.3 Проверка за протекувања и полнење на системот
Проверка за протекувања
Следете ги националните и локалните регулативи за проверката за
протекувања.
Отстранете ги капачињата од трите вентили
( Слика 14, [1], [2] и [3]).
Поврзете Шрадер-отворач [6] и уред за мерење притисок[4]
на Шрадер-вентилот [1].
Завртете го Шрадер-отворачот и отворете го Шрадер-вентилот [1].
Оставете ги вентилите [2] и [3] затворени и наполнете го
системот со азот додека притисокот 10 % не го надмине
номиналниот од 42,5 bar.
Проверете по 10 минути дали притисокот е променет.
Ставајте азот додека не се достигне номиналниот притисок.
Проверете дали притисокот е променет по 1 час.
Испуштете го азотот.
Надворешен дијаметар
на цевка Ø [mm]
Вртежна сила [Nm] Дијаметар на
компресискиот отвор (A)
[mm]
Компресиски крај на
цевка
Однапред монтирана
навојна компресиска
навртка
6,35 (1/4") 18-20 8,4-8,7 1/4"
9,53 (3/8") 32-39 13,2-13,5 3/8"
R0.4~0.8
A
45°± 2
90°± 4
OBJ_DCL-6721831489-005.fm Page 92 Wednesday, October 13, 2021 11:10 AM

Table of Contents

Related product manuals