EasyManua.ls Logo

Bosch Professional D-tect 150 - Page 176

Bosch Professional D-tect 150
Print Icon
To Next Page IconTo Next Page
To Next Page IconTo Next Page
To Previous Page IconTo Previous Page
To Previous Page IconTo Previous Page
Loading...
176 | Македонски
1 609 92A 4G0 | (22.08.2018) Bosch Power Tools
u Доколку мерниот уред бил изложен на големи
температурни разлики, оставете го да се прилагоди
на температурата пред да го вклучите.
Вклучување
– За вклучување на мерниот уред притиснете на копчето
за вклучување/исклучување(15) или на копчето за
старт(11).
– LED-светилката(17) свети зелено и се појавува
стартниот екран за 4s на екранот(16).
– Ако со мерниот уред не вршите мерење и не
притискате некое копче, тој автоматски се исклучува
после 5 минути. Во менито Поставки можете да го
промените ова <Cut-off time> (Време на
исклучување) (види „<Cut-off time> (Време на
исклучување)“, Страница178).
Исклучување
– За исклучување на мерниот уред притиснете на
копчето за вклучување-исклучување(15).
– При исклучување на мерниот уред остануваат
содржани сите избрани поставки во менијата.
Вклучување/исклучување на сигналниот тон
Со копчето Звучен сигнал(13) можете да го вклучите или
исклучите звучниот сигнал. Во менито Поставки можете
во подменито <Tone signal> (Звучни сигнали) да го
изберете видот на сигнали (види „<Tone signal> (Звучни
сигнали)“, Страница178).
Процес на мерење
Вклучете го мерниот уред. На екранот(16) се појавува
Стандарден екран за прикажување.
6
4
2
0 cm
6
4
2
0 cm
Sensor
Universal mode
Prev. Next
Move
Поставете го мерниот уред на ѕид и движете го во правец
на движење (види „Функционалност (видисликаB)“,
Страница175) по ѕидот. Мерните резултати се
прикажуваат по минимална мерна линија од 10cm на
екранот(16). За да се добијат точни мерни резултати,
движете го мерниот уред целосно и полека над
претпоставениот објект во ѕидот.
Ако го подигнете мерниот уред од ѕидот за време на
мерењето, на екранот останува содржан последниот
мерен резултат. На приказот на подрачјето на
сензорот(c) се појавува пораката <Hold> (Задржи). Ако
мерниот уред одново го поставите на ѕидот, придвижете
или притискате копчето за стартување(11), мерењето
започнува одново.
Ако LED-светилката(17) свети црвено, тогаш во полето
на сензорот се наоѓа објект. Ако LED-светилката(17)
свети зелено, тогаш нема објект во полето на сензорот.
Ако LED-светилката(17) трепка црвено, тогаш во полето
на сензорот се наоѓа објект под напон.
u Пред да дупчите во ѕид, сечете или глодате, треба
да се заштитите од опасности и со помош на други
извори на информации. Бидејќи на мерните
резултати може да влијаат околните влијанија или
составот на ѕидот, можна е опасност, иако приказот не
покажува објект во полето на сензорот (LED-
светилката(17) свети зелено).
Елементи за приказ (видисликаA)
Ако под сензорот се наоѓа објект, се појавува во
подрачјето на сензорот(c) на екранот. Во зависност од
големината и длабочината на објектот можно е
препознавање на материјалот. Во статусната лента се
прикажува дозволената длабочина на дупчење(l) до
горниот раб на пронајдениот објект.
Напомена: Приказот на дозволената длабочина на
дупчење(l) како и карактеристиките на материјалот(m)
се означуваат во сензорот на црно прикажаниот објект.
Приказот за материјалот на објектот(m) може да ги има
следните својства:
–
N
S
магнетизирани, на пр. армирано железо
–
N
S
немагнетизирани, но метални, на пр. бакарни
цевки
–
Metal
неметален, на пр. дрво или пластика
–
N
S
?
Карактеристиките на материјалот се непознати
Приказот за електрични кабли под напон(n) може да ги
има следните својства:
– под напон
Напомена: Кај објекти под напон не се
прикажуваат останати карактеристики.
–
?
не е јасно, дали се под напон или не
Напомена: Евентуално трофазните струјни кабли не се
препознаваат како електрични кабли под напон.
Одредувањето на карактеристиката „под напон“ може да
биде многу ограничено при висока релативна влажност
на воздухот (>50%).
Локализирање на објектите
За да се локализираат објектите, доволно е еднократно
повлекување на мерната линија.
Ако не е најден објект, повторете го движењето попречно
на претходниот мерен правец (види „Функционалност
(видисликаB)“, Страница175).
Ако сакате точно да го локализирате и обележите
пронајдениот објект, движете го мерниот уред назад по
мерната линија.