ОПАСНОСТ
Електричен удар
Смрт или сериозна телесна повреда
‐ Ако пумпата се користи за чистење
или друго одржување на базени за
пливање, езерца во градини или
слични места, погрижете се пумпата
да биде снабдена преку склопка на
диференцијална струја, RCCB, со
активирачка струја од 30 mA.
ОПАСНОСТ
Електричен удар
Смрт или сериозна телесна повреда
‐ Поврзете ги пумпите што се
испорачуваат без кабел и/или
приклучоци со надворешен
електричен прекинувач со
минимален контактен јаз од 3 mm во
сите полови.
Погрижете се да има најмалку 3 метри
слободен кабел над нивото на течноста.
Проверете дали напонот на напојувањето и
фреквенцијата соодветствуваат на вредностите
наведени на натписната плочка на пумпата.
Електричното поврзување треба да го изврши
овластено лице, во согласност со локалните
прописи.
Вклучување на производот
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Запалив материјал
Смрт или сериозна телесна повреда
‐ Немојте да ја употребувате пумпата
за запаливи течности, како на
пример нафта, бензин или слични
течности.
ОПАСНОСТ
Електричен удар
Смрт или сериозна телесна повреда
‐ Немојте да ја користите пумпата во
базени за пливање, езерца во
градини или слични места ако има
луѓе во водата.
Примена
Пумпите Grundfos SB и SBA се наменети за
пумпање чиста вода. Пумпите се особено погодни
за примена со дождовна вода и мали приватни
бунари.
Типична примена:
• традиционални бунари
• плитки бунари
• насобрана дождовна вода во резервоари
• влечење јавна вода
• празнење на бари/базени во градини
• наводнување.
Одржување на производот
ОПАСНОСТ
Електричен удар
Смрт или сериозна телесна повреда
‐ Ако кабелот за напојување со
електрична енергија е оштетен, мора
да биде заменет од страна на
производителот, негов агент за
сервисирање или лице со слични
квалификации со цел да се избегне
опасност.
Наоѓање на дефект на производот
ОПАСНОСТ
Електричен удар
Смрт или сериозна телесна повреда
‐ Пред да започнете да работите на
производот, исклучете го
напојувањето со електрична
енергија. Погрижете се да се
оневозможи ненамерно вклучување
на напојувањето со електрична
енергија.
Технички податоци
Макс. напор
[m]
SB 3-35 35
SB 3-45 45
SBA 3-35 35
SBA 3-45 45
Дополнителни информации
За дополнителна документација за производот,
видете на product-selection.grundfos.com.
Отстранување на производот во отпад
Отстранувањето на овој производ или неговите
делови мора да се изврши на начин со кој не се
загрозува животната средина.
1. Користете ги јавните или приватните служби за
собирање отпад.
2. Ако ова не е возможно, обратете се во
најблиската компанија на Grundfos или
работилница за сервисирање.
71
Macedonian (MK)