EasyManua.ls Logo

Grundfos SB - Упатства За Безбедност

Grundfos SB
87 pages
To Next Page IconTo Next Page
To Next Page IconTo Next Page
To Previous Page IconTo Previous Page
To Previous Page IconTo Previous Page
Loading...
Macedonian (MK) Упатства за безбедност
Превод на изворната верзија на англиски јазик
Во овие безбедносни упатства е даден краток
преглед на безбедносните мерки на претпазливост
што треба да се преземат во врска со каква било
работа што се извршува на овој производ.
Придржувајте се кон овие безбедносни упатства
при употреба, монтирање, ракување, одржување,
сервисирање и поправка на овој производ. Овие
безбедносни упатства се додатен документ, а сите
безбедносни упатства ќе се појават повторно во
соодветните делови од упатствата за монтирање и
ракување. Чувајте ги овие безбедносни упатства
на местото каде што е монтиран производот во
случај да ви притребаат во иднина.
Општи информации
Пред монтирањето на производот,
прочитајте го овој документ и интернет
верзијата на упатствата за монтирање и
ракување. Монтирањето и ракувањето
мора да бидат во согласност со
локалните регулативи и прифатените
кодекси за добра практика.
Овој уред може да го употребуваат деца
над осумгодишна возраст и лица со
намалени физички, сензорни или
ментални способности или недостаток
на искуство и знаење ако се под надзор
или ако имаат добиено упатства за
безбедна употреба на уредот и ги
сфаќаат потенцијалните ризици.
Децата не смеат да си играат со уредот.
Деца не смеат да го чистат и одржуваат
уредот без надзор.
Монтирање на производот
Погрижете се системот во којшто се
вградува пумпата да биде проектиран
за максимален притисок на пумпата.
Оваа пумпа е проценета само за
користење со вода.
Следете ги локалните регулативи за
ограничувања за рачно подигнување
или управување.
ОПОМЕНАAND
Повреди на стапалата
Ситна или малку посериозна телесна
повреда
Користете заштитни обувки кога
ракувате со пумпата.
ОПАСНОСТ
Електричен удар
Смрт или сериозна телесна повреда
Пред да започнете да работите на
производот, исклучете го
напојувањето со електрична
енергија. Погрижете се да се
оневозможи ненамерно вклучување
на напојувањето со електрична
енергија.
Поврзување со електричната мрежа
ОПАСНОСТ
Електричен удар
Смрт или сериозна телесна повреда
Пред да започнете да работите на
производот, исклучете го
напојувањето со електрична
енергија. Погрижете се да се
оневозможи ненамерно вклучување
на напојувањето со електрична
енергија.
Пумпата мора да биде заземјена.
ОПАСНОСТ
Електричен удар
Смрт или сериозна телесна повреда
Заштитното заземјување на
приклучницата на штекерот мора да
биде поврзано со заштитното
заземјување на пумпата. Според
тоа, приклучокот мора да го има
истиот РЕ систем за поврзување
како оној на приклучницата на
штекерот. Ако не, користете
соодветен адаптер.
При трајна инсталација, препорачуваме
вградување на склопка на
диференцијална струја, RCCB, со струја
на исклучување < 30 mA.
70
Macedonian (MK)

Other manuals for Grundfos SB

Related product manuals