Македонски
254
Македонски
Важно
Внимателно прочитајте го ова упатство за користење пред да го користите
апаратот и зачувајте го за идни потреби.
Опасност
-
Не дозволувајте течен или запалив детергент да навлезе во апаратот, за
да избегнете електричен удар и/или опасност од пожар.
Предупредување
-
Овој апарат може да го користат деца постари од 8 години и лица со
ограничени физички, сензорни или ментални способности или лица со
недостаток на искуство и знаење, под услов да се под надзор или да
добиле упатства за безбедно користење на апаратот и да ги разбираат
можните опасности.
-
Децата помали од 3 години не смеат да се доближуваат до уредот, освен
ако не се под постојан надзор.
-
Децата не смеат да си играат со апаратот.
-
Децата не смеат да го чистат и одржуваат апаратот без надзор.
-
Внимавајте завесите или други предмети да не се вшмукаат во
вентилаторот додека работи.
-
Немојте да ставате прсти, стапчиња или други предмети во машината за
да спречите струјни удари, повреди или пожар.
-
Не користете го апаратот во близина на плински апарати и камини.
-
Немојте да прскате со запаливи материјали како што се инсектициди
или парфеми околу апаратот.
-
Во случај на оштетување, кабелот за напојување треба да го замени
компанијата Philips, односно сервисен центар овластен од Philips или
лица со соодветни квалификации за да се избегне опасност.
Внимание
-
Секогаш поставувајте и користете го апаратот на сува, стабилна и
хоризонтална површина.
-
Немојте да го користите апаратот во опкружувања со голема влажност,
како што се бања, тоалет, кујна, базен или во какво било надворешно
опкружување.
-
Секогаш исклучувајте го апаратот од штекер кога сакате да го
преместите и исчистите или да извршите друг вид на одржување. По
склопувањето, немојте да ги отстранувате штитниците за време на
употребата или чистењето.
-
Апаратот е наменет само за употреба во домаќинства во нормални
услови на работа.
-
Држете го производот подалеку од оган и не изложувајте го на директна
сончева светлина или на високи температури.
-
Држете ја долгата коса подалеку од вклучениот апарат за да избегнете
заплеткување на косата во апаратот.