262
Македонски
Чистење и одржување
Секогаш исклучувајте го апаратот од штекер пред да го чистите.
Никогаш не потопувајте го апаратот во вода или некоја друга течност.
За чистење на деловите на апаратот никогаш немојте да користите
абразивни, агресивни или запаливи средства за чистење како што се
белило или алкохол.
Редовно чистете го надворешниот дел на вентилаторот за да не се
насобере прав.
-
Користете мека и сува крпа за да ги исчистите надворешната површина
на апаратот и отворот за излез на воздух.
Складирање
1 Исклучете го апаратот и извлечете го приклучокот од штекер.
2 Исчистете го апаратот.
3 Складирајте го апаратот на ладно и суво место.
4 Секогаш темелно мијте ги рацете по чистењето.
Решавање проблеми
Во ова поглавје се опишани најчестите проблеми со кои може да се соочите
при користење на апаратот. Ако не можете да го решите проблемот со
помош на информациите наведени подолу, контактирајте со центарот за
корисничка поддршка во вашата земја.
Проблем Можно решение
Мојот вентилатор не може да се вклучи
или исклучи.
Ако апаратот не може да се вклучи, проверете дали
приклучокот за напојување е правилно приклучен или
пробајте да го приклучите во друг штекер.
Ако апаратот сè уште не работи, контактирајте со
центарот за корисничка поддршка во вашата земја.
Мојот вентилатор не произведува
доволно количество воздух или е многу
слаб.
Проверете дали апаратот е поставен на најголема брзина
на вентилаторот за максимална циркулација на воздухот.
Почекајте апаратот да го циркулира целиот воздух во
просторијата, тоа може да потрае неколку минути.
Уверете се дека сите решетки за влез и излез на воздух не
се блокирани.