588
Македонски
5 Притиснете го ротирачкиот регулатор за да го вклучите апаратот.
6 Следете ги чекорите од апликацијата за да го поврзете апаратот Airfryer
со вашата Wi-Fi-мрежа и да го впарите со вашиот паметен телефон.
Забелешка: За време на овој процес во апликацијата, ќе биде побарано
да притиснете долго време (4 секунди) на апаратот за да започне
процесот на иницијализација. Бидете блиску до вашиот Airfryer додека
истиот не се поврзе.
Важно: Процесот на поставување Wi-Fi може да го откажете преку
апликацијата или доколку го исклучите Airfryer од штекер.
Индикатор за WiFi
Индикаторот за WiFi е исклучен. WiFi-врската е оневозможена.
Индикаторот за WiFi е вклучен. WiFi-врската е овозможена и воспоставена со
рутерот.
Индикаторот за WiFi трепка бавно. Поврзувањето со WiFi е во тек. Уредот е во
процес на впарување или се поврзува со рутерот.
Индикаторот за WiFi трепка брзо. Грешка во поврзувањето со WiFi.
Забелешка: Можете да го започнете процесот на впарување со долго
притиснување на копчето за време во траење од 4 секунди.
Забелешка: Ако се појават проблеми за време на процесот на поставување
Wi-Fi - како паузирање на половина пат и неуспешно завршување на
процесот, или проблеми со поврзување со вашата Wi-Fi-мрежа - можете да
го рестартирате процесот со долго притиснување на копчето за време во
траење од 4 секунди.
Забелешка: Ако треба да го ресетирате фирмверот на зададените поставки,
притиснете и задржете го копчето за одржување топлина и ротирачкиот
регулатор во исто време во траење од 10 секунди.
Табела за храна
Табелата подолу ви помага да ги изберете основните поставки за видот на
храна што сакате да ја подготвите.
Забелешка: Имајте предвид дека овие поставки се предлози. Не можеме да
ви гарантираме најдобра поставка за одредена состојка бидејќи сите
состојки имаат различно потекло, големина, форма и бренд.
Забелешка: Кога подготвувате поголема количина на храна (на пр.
помфрит, шкампи, батаци, замрзнати закуски), протресете, превртете или
измешајте ги состојките во корпата од 2 до 3 пати за да постигнете
рамномерен резултат.
Забелешка: Повеќето од состојките во оваа листа може да се најдат во
програмите за автоматско готвење во апликацијата.