12
МАКЕДОНСКИ
ЧИСТЕЊЕ НА МИКРОБРАНОВАТА ПЕЧКА
Следните делови од микробрановата печка треба да се чистат
редовно за да не се таложат остатоци од маснотии и храна:
• Внатрешните и надворешните површини
• Вратата и шарките
• Плочата и кружните прстени
СЕКОГАШ проверете дали шарките од вратата се чисти и дали
вратата е добро затворена.
Лошото одржување на печката може да доведе до оштетување на
површината што би предизвикало расипување на печката и можни
несакани ситуации.
1. Исчистете ја внатрешноста со мека крпа и топла вода со сапуница.
Исплакнете и исушете.
2. Отстранете ја нечистотијата од внатрешната површина и од
кружниот прстен со насапунета крпа. Исплакнете и исушете.
3. За да ги отстраните тврдокорните нечистотии и мирисот, ставете
чаша со разблажен лимонов сок на плочата и загрејте десет минути
со најголема јачина.
4. Измијте ја вртливата плоча кога тоа ќе биде потребно, може и во
машина за миење садови.
НЕМОЈТЕ да истурате вода на вентилацијата. НИКОГАШ не
употребувајте абразивни или хемиски средства. При чистењето на
шарките од вратата особено внимавајте да нема остатоци:
• Кои се наталожени
• Го попречуваат затворањето на вратата
Садови Погодни за
микробранова
печка
Коментари
• Рециклирана
хартија
✗
Може да предизвика искрење.
Пластика
• Кутии
✓
Особено ако е отпорна на
топлина. Некои пластики
можат да се искриват или да
ја загубат бојата при висока
температура. Не употребувајте
пластика од меламин.
• Фолија
✓
Се користи за задржување на
влагата. Не треба да ја допира
храната. Внимавајте при
отстранување на фолијата,
може да излезе врела пареа.
• Кеси за
замрзнување
✓ ✗
Единствено ако се отпорни на
вриење и загревање. Не смее
да е херметички затворено.
Боцнете со вилушка доколку е
потребно.
Восочна хартија или
хартија отпорна на
маснотии
✓
Се употребува за да ја задржи
влажноста и го спречува
расипувањето.
✓
: Се препорачува
✓✗
: Користете внимателно
✗
: Не е безбедно
ME71A-BOL_DE68-03794C_MK.indd 12 2011-09-01 12:41:05