29
Мојот телефон не може да се полни правилно
• Проверете дали го користите соодветниот полнач што доаѓа со телефонот.
• Осигурите се дека вашата батерија не е целосно испразнета; ако батеријата е испразнета подолго време, може
да потрае околу 10 минути за да се прикаже индикаторот за полнење на батеријата на екранот.
• Проверете дали полнењето се врши во нормални услови (0 °C (32 °F)
до 45 °C (113 °F)).
Не можам да додадам контакт
• Осигурите се дека листата со контакти на вашата SIM-картичка не е полна; избришете некои датотеки или
зачувајте ги датотеките на телефонот.
Моите повикувачи не можат да оставаат пораки на мојата говорна пошта
• Контактирајте со вашиот мрежен оператор за да ја проверите достапноста на услугата.
• Поставете ја говорната пошта така што повикувачот може да остави порака.
Не можам да пристапам до мојата говорна пошта
• Проверете дали бројот на говорната пошта на T-Mobile е правилно внесен во „Број на говорна пошта“.
• Обидете се подоцна ако мрежата е зафатена.
Не можам да испраќам и примам MMS
• Проверете ја меморијата на телефонот бидејќи можеби е полна.
• Контактирајте со службата за грижа за корисници за да ја проверите достапноста на услугата и параметрите за
MMS.
• Потврдете го бројот на центарот на серверот или вашиот MMS-профил со службата за грижа за корисници.
• Центарот на серверот може да биде
преплавен. Обидете се повторно подоцна.
• Стартувајте нова низа за пораки. Вашата низа за пораки можеби ја достигнала својата граница.
PIN-кодот на SIM-картичката е заклучен
• Контактирајте со службата за грижа за корисници за да го добиете PUK-кодот (личен клуч за деблокирање).
Не можам да го поврзам телефонот со компјутерот
• Инсталирајте Smart Suite.
• Проверете дали вашиот USB-драјвер е правилно инсталиран.
• Отворете го панелот за известувања за да проверите дали е активиран Smart Suite Agent.
• Проверете дали сте го означиле полето за избор за дебагирање на USB-то.
• Проверете дали вашиот компјутер ги исполнува условите за инсталација на Smart Suite.
• Проверете дали го користите вистинскиот кабел од
кутијата.
Не можам да преземам нови датотеки
• Проверете дали има доволно простор за складирање на телефонот за преземање.
• Изберете ја microSD картичката како локација за складирање на преземените датотеки.
• Проверете го статусот на вашата претплата.