6
2 За вашиот телефон ........................................................
2.1 Вклучување/исклучување
За да го вклучите уредот, држете го копчето за вклучување додека не се вклучи телефонот. Отклучете го вашиот
телефонот (без ништо, со лизгање, шема, PIN, лозинка, отпечаток од прст или препознавање лице) доколку
е потребно. Откако ќе се отклучи, се прикажува почетниот екран.
Ако не го знаете вашиот PIN-код или ако сте
го заборавиле, контактирајте со службата за грижа за корисници.
За безбедност, не го чувајте PIN-кодот во вашиот телефон.
За да го исклучите уредот, притиснете ги копчето за вклучување и копчето за зголемување на јачината на звукот
додека не се појават опциите, а потоа изберете исклучување.
Полнење
Вметнете го малиот крај на кабелот за полнење во приклучокот за полнење и приклучете го полначот во
електричен штекер.
• Вметнете го USB-кабелот од типот C во приклучокот за полнење
како што е прикажано.
• Приклучете го полначот во штекерот.
Белешка: Користете го USB-кабелот од типот C вклучен во
кутијата.
Ѕиден полнач се продава одделно. Користењето на погрешен
кабел и полнач може да го оштети приклучокот за полнење или
да ги намали перформансите на батеријата.
2.2 Батерија
Направете ги овие прилагодувања за да го
оптимизирате животниот век на батеријата.
Вклучете го режимот за штедење
батерија
• Одете во Поставки > Батерија > Штедење
батерија.
• Допрете Користи штедење батерија > ВКЛУЧИ за
да го активирате режимот за штедење батерија.
Белешка: Режимот за штедење на батерија нема да се
активира во режимот на полнење.
Пониска осветленост на екранот
• Одете во Поставки > Екран > Ниво на
осветленост.
• Намалете ја осветленоста со лизгање
налево.
Време на исклучување на екранот
• Одете во Поставки > Екран > Време на
исклучување на екранот.
• Изберете го времето за кое ќе се исклучи екранот.