MK - 85 -
• Кога ќе купите замрзната храна, проверете дали е замрзната во соодветни услови
и уверете се дека пакувањето не е оштетено.
• Замрзнатата храна треба да се пренесува во соодветни садови и да биде ставена
во замрзнувачот што е можно побрзо.
• Не купувајте замрзната храна ако на пакувањето се видливи знаци од влажност и
невообичаено надувување. Таквата храна веројатно била чувана на несоодветна
температура и нејзините состојки веројатно се во лоша состојба.
• Рокот на употреба на замрзната храна зависи од собната температура, поставката
на термостатот, колку често се отвора вратата, видот на храната и времето
кое што е потребно да се однесе производот од продавница до дома. Секогаш
следете ги упатствата што се дадени на пакувањето и никогаш не надминувајте го
максималното посочено време за складирање.
• Максималната количина на свежа храна (во kg) што може да се замрзне за 24 часа
е посочена на етикетата на апаратот.
• За да замрзнете свежа храна, обезбедете колку што е можно поголема површина
од храната да биде положена на студената површина за да се замрзне.
НАПОМЕНА: Ако се обидете да го отворите замрзнувачот веднаш откако сте го
затвориле, ќе забележите дека нема да се отвори лесно. Ова е нормално. Откако ќе
се постигне рамнотежа, вратата лесно ќе се отвори.
Важна напомена:
• Никогаш не замрзнувајте повторно веќе одмрзната храна.
• Вкусот на одредени зачини ставени во зготвените јадења (анасон, босилок,
поточарка, оцет, сортни зачини, ѓумбир, лук, кромид, сенф, мајчина душичка,
мајоран, црн бибер и сл.) се менува и тие добиваат силен вкус кога се чуваат подолг
период. Затоа, ставајте мала количина зачини во храната која ќе ја замрзнувате
или зачинот додавајте го откако ќе ја одмрзнете храната.
• Периодот на чување на храната зависи од видот на употребеното масло. Соодветни
масла се маргарин, телешка маст, маслиново масло и путер. Несоодветни масла
се масло од кикирики и свинска маст.
• Храната во течна форма треба да се замрзнува во пластични садови, а другата
храна во пластични фолии или кеси.
Табелата дадена подолу е краток водич кој го покажува најефикасниот начин за
складирање на главните групи храна во делот за замрзнувач.
Месо и риба Подготовка
Максимално време за
чување (месец)
Бифтек Завиткан во фолија 6 - 8
Јагнешко Завиткано во фолија 6 - 8
Печено телешко Завиткано во фолија 6 - 8
Телешко на коцки На мали парчиња 6 - 8
Јагнешко на коцки На парчиња 4 - 8
Мелено месо Во пакување без зачини 1 - 3
Пилешки џигер (парчиња) На парчиња 1 - 3
Колбаси/салама
Треба да се спакувани дури и ако имаат
лушпа
Пилешко и мисирка Завиткани во фолија 4 - 6
Гуска и патка Завиткани во фолија 4 - 6