EasyManua.ls Logo

AEG ABE818E6NC - 5.3 Одмрзнување; 5.4 Правење коцки мраз; 5.5 Акумулатори на студ; 6. СОВЕТИ И ПОМОШ

AEG ABE818E6NC
Print Icon
To Next Page IconTo Next Page
To Next Page IconTo Next Page
To Previous Page IconTo Previous Page
To Previous Page IconTo Previous Page
Loading...
Фиоките на замрзнувачот
овозможуваат брзо и лесно наоѓање
на пакетот храна што го барате.
Ако сакате да чувате големи количини
на храна извадете ги сите фиоки и
ставете ја храната на полиците.
Најмалата оддалеченост од вратата
до храната треба да биде 15 mm.
ВНИМАНИЕ!
Во случај на случајно
одмрзнување, на пример
поради снемување струја,
ако немало струја подолго
време од времето
наведено на плочката со
спецификации под „време
на одржување“,
одмрзнатата храна мора
да се изеде брзо или да се
зготви веднаш, потоа да се
олади и потоа повторно да
се замрзне. Погледнете во
„Аларм за висока
температура“.
5.3 Одмрзнување
Длабоко смрзнатата или смрзнатата
храна, пред да се јаде, може да се
одмрзне во фрижидерот или во
пластична кеса под ладна вода.
Оваа операција зависи од
расположливото време и од типот на
храната. Мали парчиња може да се
готват уште смрзнати.
5.4 Правење коцки мраз
Апаратот е опремен со еден или
повеќе садови за правење коцки мраз.
Не користете метални
алатки за вадење на
садовите од замрзнувачот.
1. Наполнете ги овие садови со вода.
2. Ставете ги садовите за мраз во
преградата за замрзнување.
5.5 Акумулатори на студ
Замрзнувачот содржи барем еден
акумулатор на студ што го продолжува
времето на чување во случај на
прекин на напојувањето со електрична
енергија или расипување.
За да се обезбеди најдобра работа на
акумулаторите, ставете ги во предната
горна зона на апаратот.
6. СОВЕТИ И ПОМОШ
6.1 Совети за заштеда на
енергија
Внатрешната конфигурација на
апаратот е онаа која обезбедува
најефикасна употреба на енергија.
Не вадете ги патроните за ладење
од корпата на замрзнувачот.
Не отворајте ја вратата често и не
оставајте ја отворена подолго
отколку што е неопходно.
Колку е постудена поставката за
температура, толку е повисока
потрошувачката на енергија.
Обезбедете добро проветрување.
Не покривајте ги решетките или
отворите за проветрување.
Погрижете се прехрамбените
производи во апаратот да
овозможуваат кружење на воздухот
низ предвидените отвори во
задниот внатрешен дел на
апаратот.
6.2 Совети за замрзнување
Активирајте ја функцијата
Frostmatic најмалку 24 часа пред да
ја ставите храната во преградата за
замрзнување.
Пред замрзнувањето, завиткајте ја
и запечатете ја свежата храна во:
алуминиумска фолија, пластична
фолија или кеси, херметички
садови со капак.
За поефикасно замрзнување и
одмрзнување поделете ја храната
во мали порции.
Се препорачува ставање етикети и
датуми на целата замрзната храна.
Тоа ќе помогне за идентификување
на храната и за да се знае кога
МАКЕДОНСКИ 65

Table of Contents

Related product manuals