Поврзете на AC струја
О П А С Н О С Т
Опасност од струен удар. AC штекерите на влажни или
потенцијално влажни места МОРА да имаат електричен
прекинувач за диференцијална струја (GFCI/GFI). AC-DC
адаптерот за овој производ не е херметички затворен и не смее да
се користи на влажни маси или на влажни места без GFCI
заштита.
Мерачот може да се приклучи на AC напон преку комплетот со AC
адаптер. Комплетот содржи AC-DC напојување, USB/DC адаптер и
AC кабел за напојување.
1. Исклучете го мерачот.
2. Приклучете го AC кабелот во AC-DC напојувањето (Слика 4).
3. Поврзете го AC-DC напојувањето со USB/DC адаптерот.
4. Поврзете го USB/DC адаптерот со мерачот.
5. Приклучете го AC кабелот во AC штекер.
6. Вклучете го мерачот.
Слика 4 Поврзување на AC струја
1 Приклучок за USB
уред/печатач/Qwerty тастатура
(периферен USB уред)
4 AC-DC напојување
2 Приклучок за компјутер
(централен USB уред)
5 AC кабел за напојување
3 USB/DC адаптер
Македонски 357