стандард за проверка. Притиснете го копчето за да ја видите
најновата податочна точка.
Опција Опис
Reading Log
(Евиденција на
исчитување)
Reading Log (Евиденција на исчитување)—
прикажува мерења на мострата вклучувајќи го
времето, датумот, операторот и ID на мострата.
Изберете Details (Детали) за да ги видите
поврзаните податоци за калибрацијата.
Calibration Log
(Евиденција на
калибрација)
Calibration Log (Евиденција на калибрација)—
прикажува податоци за калибрацијата.
Изберете Details (Детали) за да видите
дополнителни информации за калибрацијата.
Check Standard Log
(Евиденција на
стандард за
проверка)
Check Standard Log (Евиденција на стандард за
проверка)—прикажува мерења на стандардот
за проверка. Изберете Details (Детали) за да ги
видите податоците за калибрацијата што биле
поврзани со мерењето.
Приказ на зачувани податоци во сондата
Проверете дали има поврзано сонда во мерачот. Доколку се
поврзани две сонди, изберете ја соодветната сонда кога ќе бидете
прашани.
1. За да ги видите податоците за калибрација што се зачувани на
сондата, притиснете го копчето и изберете View Probe Data
(Прикажи податоци од сондата). Може да се прикаже тековната
калибрација и историјата на калибрации за сондата.
Опција Опис
View Current
Calibration (Прикажи
тековна калибрација)
Информациите за тековната калибрација ги
прикажуваат деталите за најновата
калибрација. Доколку корисникот не ја
калибрирал сондата, ќе се прикажат
податоците за фабричката калибрација.
View Calibration
History (Прикажи
историја на
калибрации)
Историјата на калибрации прикажува листа на
времиња кога сондата била калибрирана.
Изберете датум и време за да видите резиме
на податоците за калибрацијата.
Печатење на складираните податоци
Мерачот мора да се поврзе на наизменична струја за да се
овозможи USB врската. Погрижете се поврзувањето на
наизменична струја да го направите пред да го вклучите мерачот.
Сите податоци може да се испратат до печатач. Компатибилните
печатачи треба да поддржуваат најмалку 72 колони податоци, да
можат да отпечатат до 500 континуирани текови на податоци во 1,
2 и 3 реда текст и целосно да ја поддржуваат кодната страница
437 и кодната страница 850.
1. Исклучете го мерачот. Проверете дали мерачот е поврзан на
наизменична струја. Погледнете Поврзете на AC струја
на страница 357.
2. Поврзете ги печатачот и мерачот со USB кабел од тип A.
Погледнете Слика 9.
3. Вклучете го мерачот.
4. Притиснете го копчето .
5. Изберете Send Data Log (Испрати евиденција на податоци).
Почекајте на екранот да се прикаже „Transfer
Complete“ („Преносот заврши“) и почекајте печатачот да заврши
со печатење. Откачете го печатачот.
Македонски 363