934
Македонски
15 Резервоар за вода
16 Влошка за бришење од микрофибер
17 Mini TurboBrush (само на XC7055, XC7057)
18 Комбинирана алатка
19 Мека четка (само на XC7057)
20 Алатка за тапацир (само на XC7055, XC7057)
21 Алатка за тесни отвори
Пред првата употреба
Монтирање на ѕидниот прикачувач
1 Превртете го ѕидниот прикачувач и откачете ја сивата рачка. Вметнете го
приклучокот за полнење, осигурувајќи се дека металниот дел е видлив и
дека е свртен нагоре на предната страна од ѕидниот прикачувач.
2 Уредно наместете го кабелот преку негово вметнување во назначениот
жлеб.
3 Затворете ја сивата рачка. Осигурете се дека сивата рачка ќе се блокира
на место со звук „КЛИК“.
4 Безбедно прицврстете го ѕидниот прикачувач на претпочитаната
положба на ѕидот, осигурувајќи се дека отворите за шрафовите за
прицврстување се на приближно 110 cm од подот.
Внимание: Внимавајте кога дупчите дупки во ѕидот за
прицврстување на ѕидниот прикачувач, за да избегнете
ризик од електричен удар.