595
Македонски
Рачно готвење
1 За да влезете во режим на рачно готвење, притиснете го копчето за
температура или копчето за време.
2 Ако сте го избрале копчето за температура, завртете го ротирачкиот
регулатор за да ја поставите посакуваната температура меѓу 40 °C и 200
°C, а потоа притиснете го ротирачкиот регулатор за да потврдите.
3 Поставете го времето на готвење со тоа што ќе го завртите ротирачкиот
регулатор. Можете да изберете време од 1 до 180 минути.
Забелешка: Ако го притиснете ротирачкиот регулатор без да поставите
време, режимот за претходно загревање ќе биде активиран и ќе добиете
звучно известување кога ќе се достигне посакуваната температура.
4 Изберете голема или мала брзина на воздухот со притиснување на
копчето за брзина на воздухот и избирање на вашите претпочитани
параметри.
5 Притиснете го ротирачкиот регулатор за да потврдите и за да започнете
со готвење.
Забелешка: За да добиете потсетник за тресење откако ќе измине
половина од времето за готвење, овозможете го копчето за потсетник за
тресење.
Забелешка: Ако треба да го паузирате процесот на готвење за да ја
протресете храната, да додадете состојки или да ги приспособите
параметрите за готвење, притиснете го ротирачкиот регулатор. За да
продолжите со готвење, повторно притиснете го ротирачкиот регулатор.
Одржување топлина
Функцијата за одржување на топлината на вашиот Airfryer може да се
активира во секое време - пред да започнете со готвење, за време на
готвење или по готвењето.
1 Притиснете го копчето за одржување топлина.
Забелешка: За да го смените времето за одржување топлина, завртете го
ротирачкиот регулатор за да поставите време од 1 до 30 минути.
Притиснете го ротирачкиот регулатор за да го потврдите поставеното
време за одржување топлина.
2 Притиснете го ротирачкиот регулатор за да започнете со одржувањето
топлина.
Забелешка: Можете да го паузирате одржувањето топлина со
притискање на ротирачкиот регулатор.
Забелешка: Имајте предвид дека функцијата за одржување на топлината
може да влијае на нивото на подготвеност на одредена храна, како
бифтек, којшто бара специфично ниво на готвење.
Чистење
Предупредување: Почекајте корпата, тавата и внатрешноста на
апаратот целосно да се оладат пред да започнете со чистење.
Предупредување: Тавата и корпата на апаратот се обложени со
нелеплив слој. Немојте да користите метален кујнски прибор или
абразивни материјали за чистење бидејќи може да го оштетат
нелепливиот слој.