596
Македонски
Совет: Извадете ги тавата и корпата за да овозможите побрзо ладење на
Airfryer.
1 Исфрлете ги маснотиите или маслото од дното на тавата.
2 Исперете ги тавата и корпата во машина за садови. Можете да ги
исчистите и со топла вода, течност за миење садови и неабразивен
сунѓер (погледнете во „Табела за чистење“).
Совет: Ако остатоци од храна се залепат на тавата или корпата, можете
да ги потопите во врела вода и течност за миење садови 10–15 минути.
Потопувањето ги омекнува остатоците од храната и го олеснува нивното
отстранување. Користете течност за миење садови што може да ги
раствори маслото и маснотиите. Ако има дамки од маснотии на тавата
или корпата и не сте можеле да ги отстраните со врела вода и течност за
миење садови, користете течен одмастувач.
Совет: Доколку е потребно, остатоците од маст што се залепени
заштитата од прскање може да се отстранат со сунѓер или четка со
влакна.
Совет: Ставете ја корпата во тавата и ставете ги наопаку кога ги миете во
машина за садови за да заштедите простор во машината за садови.
3 Избришете ја надворешноста на апаратот со влажна крпа. Контролната
табла треба да биде целосно сува. Избришете ја контролната табла со
крпа откако ќе ја исчистите.
4 Исчистете ја заштитата од прскање со сунѓер или четка за чистење за да
ги отстраните сите остатоци од маст.