EasyManua.ls Logo

Quadro DFR-3740 EU - Пред Да Го Користите Ладилникот

Quadro DFR-3740 EU
Print Icon
To Next Page IconTo Next Page
To Next Page IconTo Next Page
To Previous Page IconTo Previous Page
To Previous Page IconTo Previous Page
Loading...
MK - 71 -
најмалку 2 см меѓу нив за да се спречи појава на влага на надворешната површина.
• Не ставајте ништо врз фрижидерот. Поставете го фрижидерот на соодветно место
каде ќе има барем 15 см слободен простор одозгора.
• Прилагодливите предни ногарки треба да се прилагодат за да се порамни апаратот
и да стои стабилно. Може да ги прилагодувате ногарките вртејќи ги обратно од
стрелките на часовникот (или во спротивна насока). Ова треба да го
направите пред да ставите храна во ладилникот.
• Пред да го користите фрижидерот, избришете ги сите делови одзади
со топла вода во којашто ќе додадете една лажичка сода бикарбона,
потоа исплакнете ги со чиста вода и избришете ги. Ставете ги сите
делови на место по чистењето.
• Поставете го пластичниот разделник (делот со црни лопатки одзади) вртејќи го за
90° како што е прикажано на сликата за да спречите кондензаторот да го допира
ѕидот.
• Ладилникот треба да се постави на ѕид со слободно растојание коешто не
надминува 75 мм.
Пред да го користите ладилникот
• Кога го вклучувате фрижидерот по прв пат или по негово
преместување, оставете го во исправена положба 3 часа и потоа
вклучете го за да овозможите ефикасна работа. Во спротивно,
може да го оштетите компресорот.
• Фрижидерот може да има миризба кога ќе го вклучите по прв пат.
Миризбата ќе исчезне штом ладилникот ќе почне да лади.
Општи забелешки
Преграда за свежа храна (Фрижидер): Најефикасната искористеност на енергијата
се обезбедува во конфигурацијата со фиоките во долниот дел од уредот и полиците
рамномерно распределени, позицијата на корпите на вратата не влијае на
потрошувачката на енергија.
Преграда за замрзнување (Замрзнувач): Најефикасната искористеност на енергијата
се обезбедува во конфигурацијата кога фиоките и корпите се во поставени во положба
за складирање.

Table of Contents

Related product manuals