MK - 80 -
• Храната треба да се стави во фрижидер во затворени садови или да се покрие за
да се спречи влага и мирис.
Подолу се дадени одредени препораки за ставање и чување на храната во одделот
на ладилникот.
Храна
Максимално време за
чување
Каде се става во
одделот на ладилникот
Овошје и зеленчук 1 седмица Корпа за зеленчук
Месо и риба 2 - 3 дена
Завиткани во пластична фолија или кеса во
садот за месо
(на стаклената полица)
Свежо сирење 3 - 4 дена Во специјалната полица на вратата
Путер и маргарин 1 седмица Во специјалната полица на вратата
Производи во шише
млеко и јогурт
До истекот на рокот што го
одредува производителот
Во специјалната полица на вратата
Јајца 1 месец Во полицата за јајца
Зготвена храна 2 дена На сите полици
Преграда за замрзнување
• Замрзнувачот се користи за складирање замрзната храна, за замрзнување свежа
храна и за правење коцки мраз.
• При замрзнување свежа храна, завиткајте ја соодветно свежата храна, во
пакувањето не смее да има воздух и не смее да протекува. Најсоодветни се
специјални вреќички за замрзнување, алуминиумска фолија, полиетиленски
вреќички и пластични садови.
• Не ставајте свежа храна веднаш до замрзнатата храна бидејќи може да ја растопи.
• Пред да замрзнете свежа храна, поделете ја на порции за едно јадење.
• Одмрзнатата храна треба да ја консумирате набрзо по одмрзнувањето
• Никогаш не ставајте топла храна во замрзнувачот бидејќи ќе ја растопи
замрзнатата.
• Секогаш следете ги упатствата на производителот за пакување храна кога
складирате замрзната храна. Доколку нема информации, храната треба да се
чува најдолго 3 месеци од датумот на кој сте ја купиле.
• Кога ќе купите замрзната храна, проверете дали е замрзната во соодветни услови
и уверете се дека пакувањето не е оштетено.
• Замрзнатата храна треба да се пренесува во соодветни садови и да биде ставена
во замрзнувачот што е можно побрзо.
• Не купувајте замрзната храна ако на пакувањето се видливи знаци од влажност и
невообичаено надувување. Таквата храна веројатно била чувана на несоодветна
температура и нејзините состојки веројатно се во лоша состојба.
• Рокот на употреба на замрзната храна зависи од собната температура, поставката
на термостатот, колку често се отвора вратата, видот на храната и времето
кое што е потребно да се однесе производот од продавница до дома. Секогаш
следете ги упатствата што се дадени на пакувањето и никогаш не надминувајте
го максималното посочено време за складирање.
• Максималната количина на свежа храна (во kg) што може да се замрзне за 24
часа е посочена на етикетата на апаратот.
• За да замрзнете свежа храна, обезбедете колку што е можно поголема површина
од храната да биде положена на студената површина за да се замрзне.