EasyManua.ls Logo

Quadro DFR-3740 EU - Ако Ладилникот Работи Многу Гласно; Пред Да Повикате Сервисер

Quadro DFR-3740 EU
Print Icon
To Next Page IconTo Next Page
To Next Page IconTo Next Page
To Previous Page IconTo Previous Page
To Previous Page IconTo Previous Page
Loading...
MK - 84 -
ПРЕД ДА ПОВИКАТЕ СЕРВИСЕР
Ако ладилникот-замрзнувачот не работи правилно, може да има помал проблем. Затоа,
за да заштедите време и пари, проверете го следното пред да повикате електричар.
Што да направите ако апаратот не работи
Проверете дали:
• има напојување со струја,
• е исклучен главниот осигурувач во домот,
• термостатот е поставен на позиција «•»,
• приклучокот е исправен. За да го проверите ова, вклучете го апаратот во друг
приклучок за кој знаете дека работи.
Што да направите ако апаратот работи лошо
Проверете дали:
• сте го преоптовариле апаратот,
• поставките на термостатот се на позиција „1“ (ако е така, поставете го термостатот
на соодветната вредност).
• вратите се правилно затворени,
• има прашина на кондензаторот,
• има доволно простор одзади и од страните.
Ако ладилникот работи многу гласно
Нормална бучава
Звук на пукање (како пукање мраз) : (За no frost/frost free апарати )
За време на автоматско одмрзнување.
Кога апаратот се лади или топли (поради ширење на материјалот на апаратот).
Краток звук на пукање: Се слуша кога термостатот го вклучува/исклучува компресорот.-
Бучава од компресорот
• Нормален звук на моторот: Оваа бучава значи дека компресорот работи
нормално
• Кога прв пат го вклучувате апаратот, можно е компресорот да е бучен кратко
време.
Звук на клокотење и прскање:
• Оваа бучава ја предизвикува протокот на средството за ладење во цевките на
системот.
Ако ладилникот работи многу гласно
За да се одржи нивото на ладење, компресорот мора да се активира од време на
време. Бучавата на ладилникот тогаш е нормална и се должи на работата. Кога ќе се
достигне потребното ниво за ладење, бучавата автоматски ќе се намали.
Ако бучавата продолжи:
• Дали е апаратот стабилен? Дали се ногарките прилагодени?
• Дали има нешто зад ладилникот?
• Дали полиците или садовите на полиците во ладилникот вибрираат? Заменете ги
полиците и/или садовите
ако тоа е случајот.
• Дали ставените производи во ладилникот вибрираат?
ДЕЛ 7.

Table of Contents

Related product manuals