EasyManua.ls Logo

Quadro DFR-3740 EU - Совети За Заштеда На Енергија

Quadro DFR-3740 EU
Print Icon
To Next Page IconTo Next Page
To Next Page IconTo Next Page
To Previous Page IconTo Previous Page
To Previous Page IconTo Previous Page
Loading...
MK - 85 -
Совети За Заштеда На Енергија
1. Монтирајте го апаратот во студена и добро проветрена просторија, но не и на
директна сончева светлина и подалеку од извор на топлина (грејно тело, шпорет и
сл.). Во спротивно, користете плоча за изолација.
2. Оставете топлата храна и пијалаците за да се изладат надвор од апаратот.
3. Кога одмрзнувате замрзната храна, ставете ја во ладилникот. Ниската температура
на замрзнатата храна ќе помогне при ладењето на одделот за ладилникот при
одмрзнувањето. Така се намалува потрошувачката.
4. Пијалаците и зготвената храна треба да се во затворени садови кога се ставаат
внатре. Во спротивно, влагата се зголемува во апаратот. Така се продолжува и
времето за работа. Затворањето на пијалаците и течностите во садови помага да се
зачуваат миризбата и вкусот.
5. Кога ставате храна и пијалаци, држете ја вратата отворена колку што е можно
пократко.
6. Затворајте ги капаците на сите комори во фрижидерот коишто имаат различна
температура (комора за свежа храна, разладување и сл.).
7. Гумата на вратите мора да биде чиста и еластична. Заменете ја гумата кога ќе се
изаби.
8. Потрошувачката на енергија е наведена со максимално оптоварување и со
користење само на долната стаклена полица од замрзнувачот.
Ако слушнете какви било други звуци проверете дали:
- Апаратот е поставен рамно
- Нешто се допира на задната страна
- Работите што сте ги ставиле врз апаратот вибрираат.
Звук на вода што тече: (За no frost/frost free апарати) Нормален звук на водата што
истекува во садот за испарување во текот на одмрзнувањето. Оваа бучава се слуша
во текот на одмрзнувањето.
Звук на струење на воздух: Ако апаратот има вентилатор во долните прегради на
замрзнувачот/ладилникот. Оваа бучава може да се слушне кај ладилниците во текот
на нормалната работа на системот заради циркулацијата на воздухот.
Ако има вода во долниот дел на замрзнувачот,
Проверете дали:
Одводот за водата од одмрзнување е затнат (користете го чепот за чистење на одводот).
Препораки
• Ако апаратот нема да се користи подолг период (на пр. за време на летните
одмори), исклучете го од струја и исчистете го, а потоа оставете ја вратата
отворена за да спречите појава на мувла и миризба.
• За да го исклучите апаратот, исклучете го приклучокот од штекер (при чистење и
кога вратите се оставени отворени).
• Ако проблемот продолжува откако сте ги следеле сите погоре дадени упатства,
повикајте го најблискиот Овластен сервисен центар.

Table of Contents

Related product manuals