MK - 75 -
Предупредувања за поставките на температурата
• Не се препорачува да го користите фрижидерот при температура на средината
помала од 10oС поради неговата ефикасност.
• Поставките на термостатот треба да се направат во склад со тоа колку често се
отвораат вратите, колку храна се чува во фрижидерот, како и околината во која
се чува фрижидерот.
• Вашиот фрижидер после вклучувањето во струја треба да работи и до 24 часа
без прекин во зависност од околната температура за да се излади целосно. Не
отворајте ги многу често вратите од фрижидерот и не поставувајте премногу
храна внатре.
• За да се заштити компресорот од оштетување, се применува функција на одложено
стартување на компресорот од 5 минути при вклучување и исклучување на
кабелот или при прекин на напојувањето. Вашиот фрижидер ќе почне да работи
нормално после 5 минути.
• Ладилникот е дизајниран да работи во интервали во температурата на
средината согласно стандардите и климатските услови посочени на етикетата
со информации. Не се препорачува ладилникот да работи во средини коишто
се надвор од дадените интервали за температура во однос на ефикасноста за
ладење.
• Овој апарат е дизајниран да се користи во околина со температурен опсег од
10°C - 43°C.
Климатска класа и значење:
Т (тропска клима): Овој ладилник е наменет да се користи на собни температури од
16 °C до 43 °C.
ST (суптропска клима): Овој ладилник е наменет да се користи на амбиентални
температури од 16 °C до 38 °C.
N (умерена клима): Овој ладилник е наменет да се користи на амбиентални
температури од 16 °C до 32 °C.
SN (проширена умерена клима): Овој ладилник е наменет да се користи на
амбиентални температури од 10 °C до 32 °C.