►
Проверете го филтерот за воздух, 7.3.
По првиот месец или по 5 работни саати:
►
Променете го моторното масло, 7.6.
На секои 3 месеци или по 25 работни саати:
►
Исчистете го филтерот за воздух,
7.4.
На секои 12 месеци или по 100 работни
саати:
►
Променете го моторното масло, 7.6.
►
Проверете ги свеќичките, 7.5.
►
Заменете го филтерот за воздух, 7.3.
► Да се изврши инспекција од страна на
овластен застапник. STIHL Ви го
препорачува овластениот застапник за
STIHL.
На секои 24 месеци или по 200 работни
саати:
►
Променете ја свеќичката, 7.5.
► Проверете ги цревата за гориво и заменете
ги ако е потребно. STIHL Ви го препорачува
овластениот застапник за STIHL.
7.2 Проверка на нивото на масло
► Уредот STIHL поставете го на рамна
површина.
► Изгасете го моторот.
► Отшрафете ја шипката за мерење масло (1)
и исчистете ја со крпа.
► Шипката за мерење на маслото (1)
вметнете ја во отворот за полнење, не
зашрафувајте ја.
► Извадете ја шипката за мерење масло и
прочитајте го нивото на масло на мерната
скала (2). Доколку е потребно, дополнете
моторно масло со соодветна инка додека
не се достигне максималното ниво (3).
► Зашрафете ја шипката за мерење масло
(1).
7.3 Менување на филтерот за
воздух
► Изгасете го моторот.
► Ставете го уредот STIHL на рамна
површина.
► Исчистете го капакот и куќиштето на
филтерот за воздух со крпа.
► Олабавете ги вртливите рачки (1).
► Извадете го капакот (2).
► Извадете го елементот на филтерот (3).
► Извадете го пена филтерот (4) од
хартиениот филтер (5).
► Проверете ги елементот на филтерот (3) и
филтерот (4, 5). Ако филтерот ако е
очигледно оштетен или многу извалкан,
заменете ги деловите.
► Пред да го поставите, потопете го пена
филтерот (4) во свежо моторно масло.
Исцедете го вишокот моторно масло.
► Прикачете го пена филтерот (4) на
хартиениот филтер (5).
► Вметнете го елементот на филтерот (3).
► Наместете го капакот (2).
► Зашрафете ги вртливите рачки (1).
7.4 Чистење на филтерот за
воздух
Чистете го филтерот за воздух во одредените
интервали за одржување, 7.1. Ако уредот
STIHL го користите во услови на прашина,
филтерот чистете го почесто.
► Изгасете го моторот.
► Ставете го уредот STIHL на рамна
површина.
► Исчистете го капакот и куќиштето на
филтерот за воздух со крпа.
►
Извадете го елементот на филтерот, 7.3.
7 Одржување македонски
0478-983-9913-B 197