EasyManua.ls Logo

Stihl RM 248.2 T - Page 464

Stihl RM 248.2 T
480 pages
Go to English
To Next Page IconTo Next Page
To Next Page IconTo Next Page
To Previous Page IconTo Previous Page
To Previous Page IconTo Previous Page
Loading...
Работното време планирајте го така што
ќе се избегнат поголеми оптоварувања
во тек на подолг временски период.
Кога моторот работи, се создаваат издувни
гасови. Вдишување на издувни гасови може
да предизвика труење.
Не вдишувајте издувни гасови.
Работете со косилката за трева на добро
проветрени места.
Ако чувствувате гадење, главоболка,
нарушување на видот, нарушување на
слухот или вртоглавица: Престанете да
работите и отидете на лекар.
Ако корисникот носи штитник од бучава, а
моторот работи, тој може да ги слуша и
проценува звуците во ограничен степен.
Работете смирено и внимателно.
Косилката за трева е опремена со
механизам за стопирање на моторот.
Кога се коси, моторот и ножот запираат
во рок од 3 секунди по ослободување на
рачката-прекинувач.
Корисникот може да се пресече од
ротирачкиот нож. Корисникот може
сериозно да се повреди.
Извлечете го приклучокот за
свеќичката.
Не допирајте го ротирачкиот нож.
Ако ножот е блокиран од предмет:
Изгасете го моторот. Само со
изгасен мотор, тргнете го
предметот.
Ако работите без погонски систем за време
на работата, погонскиот систем може да се
вклучи ненамерно и косилката за трева ќе
почне да се движи. Луѓето може да бидат
сериозно повредени и може да се
предизвика материјална штета.
Активирајте ја рачката-прекинувач за
погонски систем само кога треба да се
вклучи погонскиот систем.
Ако косилката за трева го смени начинот на
работа или се однесува невообичаено,
можно е косилката за трева да не е во
безбедна состојба. Луѓето може да бидат
сериозно повредени и може да се
предизвика материјална штета.
Прекинете ја работата и посетете
овластен дистрибутер на STIHL.
Косилката за трева може да вибрира кога
работи.
Носете работни ракавици.
Правете паузи во работата.
Ако чувствувате знаци на нарушување
на циркулацијата: Одете на лекар.
Проверете ја површината за косење и
внимавајте на пречките. Ако ножот удри во
непознат предмет додека работи, тој или
делови од него може да излетаат со голема
брзина. Луѓето може да бидат повредени и
може да се предизвика материјална штета.
Од работната површина
отстранете ги предметите како
што се камења, стапови, жици,
играчки или други предмети.
Обележете ги скриените предмети
што не може да се отстранат.
Кога се ослободува рачката-прекинувач за
косење, ножот продолжува да ротира
кратко време. Луѓето може да бидат
сериозно повредени.
Почекајте додека ножот не
престане да се врти.
Не откачувајте ја корпата за
искосената трева додека ножот не
престане да се врти.
Ако ротирачкиот нож удри во тврд предмет,
може да се појават искри. Искрите може да
предизвикаат пожар во лесно запалива
околина. Луѓето може да бидат сериозно
повредени или да загинат и може да се
предизвика материјална штета.
Не работете во лесно запалива околина.
Ако косилката за трева е поставена на
нерамна површина, можно ненамерно е да
се стркала. Луѓето може да бидат
повредени и може да се предизвика
материјална штета.
Оставајте ја косилката за трева само
кога е на рамна површина и не може да
се стркала сама по себе.
Ако на рачката се закачат предмети,
косилката за трева може да се преврти
поради дополнителната тежина. Луѓето
може да бидат повредени и може да се
предизвика материјална штета.
Не закачувајте никакви предмети на
рачката.
ОПАСНОСТ
Ако се работи во близина на струјни кабли,
ножот може да дојде во контакт со тие
струјни кабли и да ги оштети. Корисникот
може да биде сериозно повреден или да
загине.
Не работете во близина на струјни
кабли.
Ако се работи кога грми, корисникот може
да биде погоден од гром. Корисникот може
да биде сериозно повреден или да загине.
македонски 4 Безбедносни упатства
464 0478-111-9849-A

Table of Contents

Related product manuals