EasyManua.ls Logo

Stihl RM 248.2 T - Проверка На Косилката За Трева; Стартување И Гаснење На Моторот

Stihl RM 248.2 T
480 pages
Go to English
To Next Page IconTo Next Page
To Next Page IconTo Next Page
To Previous Page IconTo Previous Page
To Previous Page IconTo Previous Page
Loading...
8.2 Склопување на рачките
За да се заштеди при транспортирање и
складирање, рачката за држење може да се
преклопи.
Изгасете го моторот.
Извлечете го приклучокот за свеќичката.
Ставете ја косилката за трева на рамна
површина.
Притиснете ја рачката-прекинувач за
косење кон рачката за држење и држете ја
притисната.
Полека повлечете ја рачката на стартерот
од водилката за кабли и вратете ја кон
моторот.
Ослободете ја рачката-прекинувач за
косење.
Држете ја рачката и олабавете ги навртките
со копче.
Преклопете ја рачката за држење
нанапред.
9 Стартување и гаснење на
моторот
9.1 Стартување на моторот
Ставете ја косилката за трева на рамна
површина.
Притиснете ја рачката-прекинувач за
косење (1) кон рачката за држење и држете
ја притисната.
Полека повлечете ја рачката на стартерот
(2) со десната рака додека не
почувствувате отпор.
Брзо повлекувајте и враќајте ја рачката на
стартерот (2) додека не се запали моторот.
Ако моторот не се пали: Следете го
упатството за употреба на моторот.
9.2 Гасење на моторот
Ставете ја косилката за трева на рамна
површина.
Ослободете ја рачката-прекинувач за
косење.
Моторот се гаси.
Напуштете ја позицијата на корисникот.
10 Проверка на косилката за
трева
10.1 Проверка на ножот
Изгасете го моторот.
Извлечете го приклучокот за свеќичката.
Исклучете ја косилката за трева, 15.1.
Измерете го следново:
Дебелина а
Ширина b
Агол на острење c
Доколку не се достигне минималната
дебелина или минималната ширина:
Заменете го ножот, 19.2.
Ако аголот на острење не е правилен:
Наострете го ножот, 19.2.
Ако нешто не е јасно: Обратете се кај
овластен дистрибутер на STIHL.
10.2 Проверка на контролите
Рачка-прекинувач за косење и рачка-
прекинувач за погонски систем
Изгасете го моторот.
Повлечете ги рачката-прекинувач за
косење и рачката-прекинувач за погонскиот
систем целосно во правец на рачката за
држење и потоа пуштете ги.
Ако рачката-прекинувач за косење или
рачката-прекинувач за погонскиот систем е
заглавена или не се враќа во почетната
позиција: Не користете ја косилката за
трева и обратете се кај овластен
дистрибутер за STIHL.
Рачката-прекинувач за косење или рачката-
прекинувач за погонскиот систем е
дефектна.
9 Стартување и гаснење на моторот македонски
0478-111-9849-A 469

Table of Contents

Related product manuals