EasyManua.ls Logo

Stihl RM 248.3 - Проверка На Косилката За Трева; Работење Со Косилката За Трева; Стартување И Гаснење На Моторот

Stihl RM 248.3
512 pages
Go to English
To Next Page IconTo Next Page
To Next Page IconTo Next Page
To Previous Page IconTo Previous Page
To Previous Page IconTo Previous Page
Loading...
9 Стартување и гаснење на
моторот
9.1 Стартување на моторот
Ставете ја косилката за трева на рамна
површина.
Притиснете ја рачката-прекинувач (1) кон
рачката за држење (2) и држете ја
притисната.
Полека повлечете ја рачката на стартерот
(3) со десната рака додека не
почувствувате отпор.
Брзо повлечете и вратете ја рачката на
стартерот (3) додека не се запали моторот.
Ако моторот не сака да запали: Следете го
упатството за употреба на моторот.
9.2 Гасење на моторот
Ставете ја косилката за трева на рамна
површина.
Отпуштете ја рачката-прекинувач.
Моторот се гаси.
Напуштете ја работната позиција.
10 Проверка на косилката за
трева
10.1 Проверка на контролите
Рачка-прекинувач
Изгасете го моторот.
Повлечете ја рачката-прекинувач целосно
во правец на рачката за држење и потоа
повторно отпуштете ја.
Ако рачката-прекинувач се враќа тешко или
воопшто не се враќа во почетната позиција:
Не користете ја косилката за трева и
обратете се кај овластен дистрибутер за
STIHL.
Рачката-прекинувач е неисправна.
10.2 Проверка на ножот
Изгасете го моторот.
Извлечете го приклучокот за свеќичката.
Легнете ја косилката за трева, 15.1.
Измерете го следното:
Дебелина а
Ширина b
Агол на острење c
Доколку е надмината минималната
дебелина или минималната ширина:
Заменете го ножот, 19.2.
Доколку аголот на острење не е правилен:
Наострете го ножот, 19.2.
Доколку нешто не ви е јасно: Обратете се
кај овластен дистрибутер на STIHL.
11 Работење со косилката
за трева
11.1 Држење и возење на
косилката за трева
Држете ја рачката со двете раце така што
палците да ја опфаќаат рачката.
11.2 Нагодување на висината на
косење
Може да се постават 7 висини на косење:
20 mm = позиција 1
30 mm = позиција 2
40 mm = позиција 3
55 mm = позиција 4
70 mm = позиција 5
85 mm = позиција 6
100 mm = позиција 7
Позициите се означени на косилката за трева.
Нагодување на висината на косење
Изгасете го моторот.
Ножот не смее да се врти.
македонски 9 Стартување и гаснење на моторот
502 0478-111-9800-B

Table of Contents

Related product manuals