► Нанесете средство за заклучување на
завртките Loctite 243 на навојот на
завртката со шајбна (1).
► Поставете го ножот (2) така што
испакнатините на површината за
поставување влегуваат во вдлабнатините.
► Зашрафете ја завртката со шајбна (1).
► Блокирајте го ножот (2) со парче дрво (3).
► Зашрафете ја завртката со шајбна (1)
со 60 Nm
► Приклучете го приклучокот за свеќичката.
16.3 Острење и балансирање на
ножот
Потребна е голема пракса за правилно
острење и балансирање на ножот.
STIHL препорачува острењето и
балансирањето на ножот да го извршува
само овластен застапник на STIHL.
Тековните адреси на овластените
дистрибутери може да се најдат кај
соодветното претставништво на STIHL на
www.stihl.com .
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
■ Рабовите за сечење на ножот се остри.
Корисникот може да се пресече.
► Носете заштитни ракавици.
► Изгасете го моторот.
► Извлечете го приклучокот за свеќичката.
► Легнете ја косилката за трева.
► Извадете го ножот.
► Наострете го ножот. Придржувајте се до
аголот на острење и изладете го ножот,   
19.2.
Ножот не смее да добие сина боја додека
се остри.
► Наместете го ножот.
► Приклучете го приклучокот за свеќичката.
► Доколку нешто не ви е јасно: Обратете се
кај овластен дистрибутер на STIHL.
17 Поправки
17.1 Поправање на косилката за
трева
Корисникот не може сам да ги поправа
косилката за трева и ножот.
► Ако косилката за трева или ноќот се
оштетени: Не користете ја косилката за
трева ниту ножот и обратете се кај
овластен дистрибутер за STIHL.
► Ако знаците се нечитливи или оштетени:
Заменете ги информативните знаци во
овластен дистрибутер на STIHL.
18 Отстранување пречки
18.1 Отстранување неисправности на косилката за трева
Дефект Причина Решение
Моторот не
се пали.
Рачката-прекинувач за
косење не е притисната.
► Запалете го моторот како што е опишано во
ова упатство за употреба.
  Резервоарот за гориво е
празен.
► Ставете гориво во косилката за трева.
 
Доводот за гориво е затнат. ► Обратете се кај овластен дистрибутер на
STIHL.
 
Во резервоарот има лошо,
валкано или старо гориво.
► Користете ново безоловно брендирано гориво.
 
Филтерот за воздух е валкан. ► Исчистете го или заменете го филтерот за
воздух како што е опишано во упатството за
употреба на моторот.
 
Приклучокот за свеќичката е
извлечен од свеќичката или
кабелот за палење е лошо
вметнат во приклучокот.
► Приклучете го приклучокот за свеќичката.
► Проверете ја врската помеѓу кабелот за
палење и приклучокот.
македонски 17 Поправки
506 0478-111-9800-B