MKD -4-
• Овој уред е наменет да се користи само во домашни
услови и слични намени како на пр.:
- Кујнски оддели во продавници, канцеларии и други
работни средини
- Фарми и клиенти во хотели, мотели и други околини од
тип резиденција
- Околини од тип „ноќевање и појадок“
- Угостителство и слични непродажни намени
• Ако штекерот не одговара на приклучокот на кабелот,
мора да се замени од страна на производителот, неговиот
сервисен агент или слично обучени лица, со цел да се
избегне незгода.
• Кабелот за напојување на ладилникот има специјално
заземјен приклучок на него. Овој приклучок треба да се
користи со специјално заземјен приклучок од 16 ампери.
Ако таков штекер нема во куќата, повикајте квалификуван
електричар да го монтира.
• Овој уред може да се користи од деца од 8 години и
нагоре и лица со намалени физички, осетни или ментални
способности или недостаток од искуство и знаење,
доколку истите се под надзор или им биле дадени
инструкции во врска со употребата на уредот на безбеден
начин и доколку ги разбираат можните опасности. Децата
не смеат да играат со уредот. Чистењето и одржувањето
не смеат да се извршуваат од деца без надзор.
• Деца на возраст од 3 до 8 години можат да ги
полнат и празнат уредите за ладење. Не се очекува
деца да го чистат или да го одржуваат уредот, не се
очекува многу мали деца (0-3 години) да ги користат
уредите, не се очекува мали деца (3-8 години) да ги
користат безбедно уредите доколку не се под постојана
контрола, повозрасни деца (8-14 години) и лица со
посебни потреби можат да ги користат уредите
безбедно по соодветна контрола или насоки за
користење на уредот. Не се очекува лицата со
поголеми посебни потреби да ги користат безбедно
уредите без континуирана контрола.