MKD -10-
Послужавник за мраз
• Наполнете го со вода и сместете го во комората за замрзнување.
• По целосно замрзнување на водата, засукајте го послужавникот како на сликата и
коцките мраз ќе паднат.
Додатоци
Држач за шишиња
Користете го овој држач за да одбегнете тркалање и истекување на течноста од
шишињата.
(Кај некои модели)
Визуелните прикази и текстуалниот опис во секцијата за додатоци
може да варираат во зависност од моделот на апаратот
ЧУВАЊЕ НА ХРАНА ВО УРЕДОТ
Оддел за ладење
Фрижидерскиот оддел се користи за складирање на свежи продукти за неколку дена.
• Не ја ставајте храната многу блиску до задниот зид на фрижидерот. Оставете
простор помеѓу зидот и храната за да се обезбеди циркулација на ладниот воздух.
• Не ставајте топли продукти или течности кои испаруваат во фрижидерот.
• Секогаш ставајте ги продуктите во затворени садови или во амбалажа.
• За да ја намалите влагата и да се избегне створање на мраз, никогаш не ставајте
течности во отворени садови во фрижидерот.
• Препорачливо е месото, од било кој вид да биде спакувано во амбалажа и поставено
на стаклена полица, над зеленчукот, затоа што тука воздухот е поладен.
ДЕЛ: 3
• Свежото овошје и зеленчук можете да ги ставате во фрижидерот и без пакување.
• За да се избегне пораст на температурата во фрижидерот, избегнувајте често
отворање на вратата и никогаш не ја оставајте предолго вратата отворена.