EasyManua.ls Logo

VOX electronics IKK3400F - Оддел За Замрзнување

VOX electronics IKK3400F
125 pages
Print Icon
To Next Page IconTo Next Page
To Next Page IconTo Next Page
To Previous Page IconTo Previous Page
To Previous Page IconTo Previous Page
Loading...
MKD -11-
• За нормални работни услови, ќе биде доволно температурата на вашиот фрижидер
да се постави на +4 °C.
• Температурата на одделот за фрижидер треба да биде во опсег од 0-8 ° C, свежата
храна под 0 °С замрзнува и гние, додека над 8 °C концентрацијата на бактерии се
зголемува и храната се расипува.
• Не ставајте топла храна веднаш во фрижидерот, почекајте температурата да се
намали надвор од фрижидерот. Топлата храна ја зголемува температурата на
вашиот фрижидер и предизвикува труење со храна и непотребно расипување на
храната.
• Месо, риба и слично треба да се чуваат во поладната преграда за храна, а
преградата за зеленчук е пожелно да се користи за зеленчукот. (ако е достапна)
• За да избегнете меѓусебна контаминација на производите, не ставајте месни
производи заедно со зеленчуци и овошје.
• Храната треба да се стави во фрижидер во затворени садови или да се покрие за
да се спречи влага и мирис.
Оддел за замрзнување
Одделот за замрзнување се користи за замрзнување на свежи продукти како и за
чување на замрзнати продукти до рокот кој е означен на нивното паковање.
За замрзнување на свежи продукти : Спаковајте и означете ги свежите продукти
така што во пакувањето да нема воздух и да е овозможено да тече течност.
Специјални ќеси за замрзнувач, алуминиумска фолија и пластични садови се
идеални за таа цел.
• Не дозволувајте свежите продукти кои сакате да ги замрзнете, да дојдат во контакт
со веќе замрзнатите продукти.
• Секогаш обележете датум и содржина на паковањето кое го замрзнувате за да не
го пречекорите рокот.
• Во случај на дефект или оневозможеност од напојување со струја, во замрзнувачот
ќе се одржи ниска температура. Избегнувајте отворање на вратата на замрзнувачот.
• Максималната количина на свежи продукти кои можат да се чуваат во замрзнувачот
во рок од 24 часа е обележана на етикетата (видете капацитет на замрзнување).
• Никогаш не ставајте топли продукти во замрзнувачот.
Храна
Максимално време за
чување
Каде се става во
одделот на ладилникот
Овошје и зеленчук 1 седмица Корпа за зеленчук
Месо и риба 2 - 3 дена
Завиткани во пластична фолија или кеса во
садот за месо
(на стаклената полица)
Свежо сирење 3 - 4 дена Во специјалната полица на вратата
Путер и маргарин 1 седмица Во специјалната полица на вратата
Производи во шише
млеко и јогурт
До истекот на рокот што го
одредува производителот
Во специјалната полица на вратата
Јајца 1 месец Во полицата за јајца
Зготвена храна 2 дена На сите полици

Table of Contents

Related product manuals