EasyManua.ls Logo

Bosch Climate Class 6000i - Други Функции; Поставување На Функција За Дување Во Повеќе Насоки; Режим На Тајмер

Bosch Climate Class 6000i
208 pages
To Next Page IconTo Next Page
To Next Page IconTo Next Page
To Previous Page IconTo Previous Page
To Previous Page IconTo Previous Page
Loading...
Ракување
Climate Class 6000i/8000i 6721831490 (2022/11)
102
3.11 Други функции
3.11.1 Поставување на функција за дување во повеќе насоки
HAПOMEHA
Кога перките за насочување на воздухот се задржуваат во
најдолната позиција подолг временски период за време на
ладењето или одвлажнувањето, може да се појави кондензација.
Рачното приспособување на перките за насочување на воздухот
може да предизвика дефект.
Употребувајте го само далечинскиот управувач за да ги
приспособите перките за насочување на воздухот.
Вертикално движење на перките
Притиснете го копчето за да ја поставите посакуваната насока
на дување на воздухот.
Можноста за поставување на протокот на воздух зависи од
избраниот режим на работа:
Во режим на ладење или одвлажнување, протокот на воздухот
може дополнително да се насочи кон таванот.
За споредба, во режим на греење протокот на воздухот може да
се насочи кон подот
Во автоматска работа, не може да се постави струењето да биде
насочено кон таванот или подот.
Поставката AUTO го има следниот ефект:
Ладење: протокот на воздухот е поставен дијагонално надолу и
потоа се поместува хоризонтално или дијагонално нагоре за да се
насочи ладниот воздух кон таванот.
Греење: протокот на воздухот е поставен дијагонално нагоре
кога температурата на издувниот воздух е ниска и потоа се
поместува дијагонално надолу кога издувниот воздух е топол.
Одвлажнување: насоката на проток на воздухот е поставена
дијагонално кон нагоре.
Хоризонтално движење на перките
Притиснете го копчето за да ја поставите посакуваната насока
на дување на воздухот.
3.11.2 Режим на тајмер
Поставување тајмер за исклучување по 1-2-3-5 часа
Ако е активиран тајмерот за исклучување по 1-2-3-5 часа, уредот се
исклучува автоматски по поставениот број на часови.
Притиснете го копчето Fan за да го поставите посакуваното
време.
Засветува портокаловата сијаличка за тајмер на уредот.
Преостанатото време се прикажува на далечинскиот управувач
во чекори од по 1 час.
Откажување на тајмерот:
Притиснете го копчето Set/C или .
Се гаси портокаловата сијаличка за тајмер на уредот.
На далечинскиот управувач е прикажано времето.
Тајмерот за исклучување по 1-2-3-5 часа има предност во однос на
тајмерот за вклучување/исклучување. Ако го поставите тајмерот за
исклучување по 1-2-3-5 часа додека уредот не работи, уредот ќе
започне да работи и ќе запре според одреденото време.
Поставување тајмер за исклучување
Притиснете на копчето .
Трепка индикаторот за тајмерот за исклучување.
Притиснете го копчето
.
или
/
за да го поставите посакуваното
време. (Времето може да се поставува во чекори од по 10 минути.)
Притиснете го копчето Set/C.
Засветува портокаловата сијаличка за тајмер на уредот.
Кога е поставен тајмерот за исклучување, поставката за температура
автоматски се приспособува за да се спречи просторијата да се
затопли или излади прекумерно, на пример, додека спиете
(автоматска функција за спиење).
При ладење или одвлажнување:
Еден час по почетокот на режимот на тајмер, температурата се
покачува за 1 °C над оригинално поставената температура.
При греење:
Еден час по почетокот на режимот на тајмер, температурата паѓа
за 3 °C под оригинално поставената температура.
Поставување на тајмерот за вклучување
Притиснете на копчето .
Трепка индикаторот за тајмерот за вклучување.
Притиснете го копчето . или / за да го поставите посакуваното
време.
(Времето може да се поставува во чекори од по 10 минути.)
Притиснете го копчето Set/C.
Засветува портокаловата сијаличка за тајмер на уредот.
Уредот се вклучува пред поставеното време. Така, просторијата
може да ја достигне посакуваната температура во програмираното
време на вклучување (функција на будење).
Откажување на сите тајмери
Притиснете го копчето Set/C.
Се гаси портокаловата сијаличка за тајмер на уредот.
На далечинскиот управувач е прикажано времето.
0010035536-001
0010031001-001
0010030499-001
OBJ_DCL-6721831490-006.fm Page 102 Wednesday, October 13, 2021 12:09 PM

Table of Contents

Other manuals for Bosch Climate Class 6000i

Related product manuals