EasyManua.ls Logo

Bosch Climate Class 6000i - Замена На Единицата За Плазма-Кластер Јони (Единица PCI); Одржување; Промена На Годишно Време; Чистење На Единица За Плазма-Кластер Јони (Единица PCI)

Bosch Climate Class 6000i
208 pages
To Next Page IconTo Next Page
To Next Page IconTo Next Page
To Previous Page IconTo Previous Page
To Previous Page IconTo Previous Page
Loading...
Одржување
Climate Class 6000i/8000i 6721831490 (2022/11)
106
држување
ВНИМАНИЕ
Опасност поради струен удар или подвижни делови
Исклучете го уредот од струја пред одржувањето.
Сите чекори за одржување што не се наведени овде треба да ги
извршува само сертифициран специјалист.
5.1 Промена на годишно време
Пред и по промената на годишните времиња, направете го следново
за да се загарантира правилна работа:
Пуштете го уредот да работи во режим на самостојно чистење за
да се исуши.
▶Уредот ќе запире по 90 минути; во спротивно, запрете го по
завршување на самостојното чистење со притискање на копчето
Stop на далечинскиот управувач и исклучете го заштитното коло.
Проверете го филтерот за воздух и извадете го за да го исчистите.
Повторно ставете го филтерот за воздух и проверете го влезот и
излезот за воздух дали има некакви препреки.
5.2 Чистење на уредот и далечинскиот управувач
HAПOMEHA
Уредот може да се оштети поради непрописно чистење!
Не прскајте директно со вода или не потопувајте го во вода.
Не користете жешка вода, абразивен прашок или јаки средства
за разредување.
По чистењето, избришете ја внатрешната единица и
далечинскиот управувач со мека крпа.
Надворешната единица треба да ја чисти само сертифициран
специјалист.
5.3 Чистење на филтерот за воздух
Филтерот треба да се чисти на секои две недели.
Исклучете го уредот.
Отстранете го филтерот за воздух така што ќе го отстраните од
дршките ( слика 3).
Отстранете ја правта со правосмукалка.
Исчистете го извалканиот филтер за воздух со топла вода и
умерено средство за чистење.
Исушете го филтерот во сенка пред да го вратите.
Вратете го филтерот така што куките на филтерот ќе влезат во
отворите на уредот ( слика 4).
5.4 Чистење на единица за плазма-кластер јони
(единица PCI)
Редовното чистење овозможува стабилно испуштање високи
концентрации на плазма-кластер јони. Чистете ја единицата PCI
( слика 5), [1] на секои 6 месеци.
Исклучете го заштитното коло.
Отворете ја преградата за воздухот.
Не е потребно отстранување на единицата PCI кај уреди тип
CLC6001i... поради чистење.
Притиснете на бравата за PCI на горната страна ( слика 6), [1]
и свртете ја надолу.
Поместете ја единицата PCI ( слика 7), [2] кон лево додека не
се совпадне со обете маркации [1]. Придржувајте ја единицата
PCI за тоа време за да спречите да не испадне.
Извадете ја единицата PCI.
HAПOMEHA
Не допирајте ги приклучните клеми ( слика 8), [2] на
единицата PCI.
▶Внимавајте да не ја изобличите површината на електродите [1].
Употребете ја четката PCI [3] или туферот (се набавува посебно)
за да ја отстраните насобраната прав околу електродата PCI [1].
ВНИМАНИЕ
Постои опасност четката PCI да ја проголтаат децата ако си
играат со неа.
▶Чувајте ја четката понастрана од деца.
За вградувањето, изведете ги чекорите наведени горе во
обратен редослед.
Ако има тврдокорни дамки, употребете го туферот со малку вода.
5.5 Замена на единицата за плазма-кластер јони
(единица PCI)
Заменете ја единицата PCI ако сината плазма-кластер сијаличка
затрепка 10 пати по пуштањето на клима уредот.
Сината плазма-кластер сијаличка трепка околу 1 минута по
пуштањето на уредот за да укаже дали единицата PCI престанала со
генерирање плазма-кластер јони.
Обратете се кај вашиот продавач за да ја замените единицата PCI
со нова.
OBJ_DCL-6721831490-006.fm Page 106 Wednesday, October 13, 2021 12:09 PM

Table of Contents

Other manuals for Bosch Climate Class 6000i

Related product manuals