EasyManua.ls Logo

Bosch GWS Professional 18V-10 C - Монтажа; Поставување на Bluetooth Low Energy модул GCY 30-4; Полнење на батеријата; Вадење на батеријата

Bosch GWS Professional 18V-10 C
463 pages
Go to English
To Next Page IconTo Next Page
To Next Page IconTo Next Page
To Previous Page IconTo Previous Page
To Previous Page IconTo Previous Page
Loading...
328 | Македонски
GWS 18V-10 SC GWS 18V-10 SC GWS 18V-10 SC GWS 18V-10 SC
НесигурностK
Носете заштита за слухот!
dB
3 3 3 3
Вкупните вредности на вибрации a
h
(векторски збир на три насоки) и несигурностK дадени се во согласност
соEN60745-2-3:
Површинско брусење:
a
h
K
m/s
2
m/s
2
6,0
1,5
6,0
1,5
6,0
1,5
6,5
1,5
Брусење со брусен диск:
a
h
K
m/s
2
m/s
2
3,5
1,5
3,5
1,5
3,5
1,5
3,0
1,5
Нивото на вибрации наведенo во овие упатства е
измеренo со нормирана постапка за мерење и може да
се користи за меѓусебна споредба на електрични алати.
Исто така може да се прилагоди за предвремена процена
на оптоварувањето со вибрации.
Наведеното ниво на вибрации е за главната примена на
електричниот алат. Доколку електричниот алат се
користи за други примени, алатот што се вметнува
отстапува од нормите или недоволно се одржува, може
да отстапува нивото на вибрации. Ова може значително
да го зголеми оптоварувањето со вибрации во периодот
на целокупното работење.
За прецизно одредување на оптоварувањето со
вибрации, треба да се земе предвид и периодот во кој
уредот е исклучен или едвај работи, а не во моментот
кога е во употреба. Ова може значително да го намали
оптоварувањето со вибрации во периодот на
целокупното работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за
заштита на корисникот од влијанието на вибрациите, како
на пр.: одржувајте ги внимателно електричните алати и
алатите за вметнување, одржувајте ја топлината на
дланките, организирајте го текот на работата.
Монтажа
Поставување на Bluetooth
®
Low Energy
модулGCY30-4
Напомена: Кај електрични алати GWS 18V-10 C Bluetooth
®
Low Energy модулот GCY30-4 е достапен како опрема;
кај електричните алати GWS 18V-10 SC е содржан во
обемот на испорака.
За информации за Bluetooth® Low Energy Module
GCY30-4 прочитајте го соодветното упатство за
употреба.
Полнење на батеријата
u Користете ги само полначите коишто се наведени
во техничките податоци. Само овие полначи се
погодни за литиум-јонската батерија за Вашиот
електричен алат.
Напомена: Батеријата се испорачува делумно
наполнета. За да ја наполните целосно батеријата, пред
првата употреба ставете ја на полнач додека не се
наполни целосно.
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое
време, без да се намали нивниот животен век. Прекинот
при полнењето не ѝ наштетува на батеријата.
Литиум-јонската батерија е заштитена од длабоко
празнење со „Electronic Cell Protection (ECP)“. Доколку се
испразни батеријата, електричниот алат ќе се исклучи со
помош на заштитниот прекинувач: Електричниот алат не
се движи веќе.
u По автоматското исклучување на електричниот
алат, не притискајте на прекинувачот за
вклучување/исклучување. Батеријата може да се
оштети.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Вадење на батеријата
Батеријата (8) има два степена на блокирање, што
спречуваат да испадне батеријата при невнимателно
притискање на копчето за отклучување на батеријата (9).
Сѐ додека е вметната батеријата во електричниот алат,
таа се држи во позиција со помош на пружина.
За да ја извадите батеријата (8) притиснете на копчињата
за отворање (9) и извлечете ја батеријата од
електричниот алат. Притоа не употребувајте сила.
Приказ за наполнетост на батеријата
Трите зелени LED-светилки на приказот за наполнетост
на батеријата ја покажуваат состојбата на наполнетост на
батеријата. Од безбедносни причини, состојбата на
наполнетост на батеријата може да ја проверите само
доколку електричниот алат е во мирување.
Притиснете го копчето на приказот за наполнетост на
батеријата, или , за да се прикаже наполнетоста. Ова
исто така е возможно и со извадена батерија.
Доколку по притискањето на копчето на приказот за
наполнетост на батеријата не свети LED светилка,
батеријата е дефектна и мора да се замени.
1 609 92A 5FJ | (06.10.2020) Bosch Power Tools

Table of Contents

Related product manuals