EasyManua.ls Logo

Bosch GWS Professional 18V-10 C - Тип на батерија GBA 18 V...; Тип на батерија ProCORE18 V...; Монтирање на заштитен уред; Заштитен капак за брусење

Bosch GWS Professional 18V-10 C
463 pages
Go to English
To Next Page IconTo Next Page
To Next Page IconTo Next Page
To Previous Page IconTo Previous Page
To Previous Page IconTo Previous Page
Loading...
Македонски | 329
Напомена: Наполнетоста на батеријата се прикажува и
на кориснички интерфејс(5) (види „User Interface (види
слика B)“, Страница332).
Тип на батерија GBA 18V...
LED светилки Капацитет
Трајно светло 3× зелено 60−100%
Трајно светло 2× зелено 30−60%
Трајно светло 1× зелено 5−30%
Трепкаво светло 1× зелено 0−5%
Тип на батерија ProCORE18V...
LED светилки Капацитет
Трајно светло 5× зелено 80−100 %
Трајно светло 4× зелено 60−80 %
Трајно светло 3× зелено 40−60 %
Трајно светло 2× зелено 20−40 %
Трајно светло 1× зелено 5−20 %
Трепкаво светло 1× зелено 0−5 %
Монтирање на заштитен уред
u Пред било каква интервенција на електричниот
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Напомена: По кршењето на брусната плоча за време на
работата или при оштетување на уредот за прифат на
заштитната хауба/електричниот алат, тој мора да се прати
во сервисната служба, за адресата погледнете во делот
„Сервисна служба и совети при користење“.
Заштитен капак за брусење
Ставете го заштитниот капак
(12) на прифатот од
електричниот алат, додека
кодираните запци на
заштитниот капак не се
поклопат со прифатот.
Притоа, притиснете го и
држете го лостот за
отклучување (1).
Притиснете го заштитниот
капак (12) на грлото на
вретеното додека венецот
на заштитниот капак не
легне на прирабницата на
електричниот алат и вртете
го заштитниот капак додека не осетите дека се вклопил.
Подесете ја позицијата на заштитната хауба (12) според
потребите на работниот процес. Притоа, притиснете го
лостот за отклучување (1) нагоре и завртете го
заштитниот капак (12) во саканата позиција.
u Секогаш поставувајте го заштитниот капак(12)
така што двата запци на лостот за отклучување(1)
во соодветните отвори на заштитниот капак(12) ќе
влезат.
u Поставете ја заштитната хауба (12) на тој начин што
ќе го спречи летањето на искри во правец на лицето
што ја користи.
u Заштитниот капак (12) смее да се врти само со
притискање на лостот за отклучување (1)! Инаку,
електричниот алат не смее да се користи и мора да
се предаде на сервисната служба.
Напомена: Кодираните запци на заштитниот капак (12)
гарантираат, дека на електричниот алат може да се
монтира само еден заштитен капак што му одговара.
Заштитна хауба за сечење
u При сечењето со композитни брусни средства
секогаш користете ја заштитната хауба за сечење
(17).
u При сечењето во камен погрижете се за доволно
вшмукување на правта.
Заштитната хауба за сечење (17) се монтира како
заштитна хауба за брусење (12).
Капак за всисување при брусењето
За брусење на бои, лакови и пластика со лончести плочи
од цврст метал (16) каде што не се создава многу прав
може да го користите капакот за всисување (11). Капакот
за всисување (11) не е погоден за обработка на метал.
На капакот за всисување (11) може да се приклучи
Bosch-всисувач.
Капакот за всисување (11) се монтира како и заштитниот
капак (12). Обрачот со четки е заменлив.
Хауба за вшмукување при сечење со лизгачка
водилка
Заштитната хауба за сечење со лизгачки водилки (27) се
монтира како заштитна хауба за брусење (12).
Дополнителна рачка
u Користете го вашиот електричен алат само со
дополнителна рачка (10).
u Не го користете електричниот алат, доколку е
оштетена дополнителната рачка. Не ја менувајте
дополнителната рачка.
Навртете ја дополнителната рачка(10) од десно или од
лево на погонската глава во зависност од начинот на
работа.
Дополнителна рачка за придушување на вибрациите
Дополнителната рачка за
придушување на
вибрациите овозможува
Bosch Power Tools 1 609 92A 5FJ | (06.10.2020)

Table of Contents

Related product manuals