EasyManua.ls Logo

Philips AC4220 - Page 647

Philips AC4220
710 pages
Print Icon
To Next Page IconTo Next Page
To Next Page IconTo Next Page
To Previous Page IconTo Previous Page
To Previous Page IconTo Previous Page
Loading...
647
Македонски
Растојанието помеѓу паметниот телефон или таблетот и пречистувачот на
воздух треба да е помало од 10 метри и не треба да има никакви пречки.
Ресетирајте ја Wi-Fi-врската
1
2
1 Вметнете го приклучокот на пречистувачот на воздух во приклучницата
и притиснете на за да го вклучите пречистувачот на воздух.
2 Долго притиснете ги копчињата и во траење од 3 секунди во исто
време додека не слушнете звучен сигнал.
-
Пречистувачот на воздух преминува во режим на впарување.
-
Индикаторот за Wi-Fi трепка портокалово.
3 Следете ги чекорите 3-4 во делот „Прво поставување на Wi-Fi-врската“.
Користење на пречистувачот на воздух
Објаснување за бојата на светлото за квалитет на воздухот
Откако ќе се вклучи, пречистувачот на воздух ќе започне да го скенира
квалитетот на воздухот. По приближно 30секунди, сензорот за честички ја
избира бојата што соодветствува на квалитетот на воздухот во зависност од
воздушните честички.
Бојата на светлото за квалитет на воздухот се одредува според најголемиот
индекс во отчитувањата за PM2,5 и за Гас.
PM2,5
Технологијата AeraSense прецизно ја открива и брзо реагира на дури и на
најмалата промена на честички во воздухот. Таа ви нуди сигурност со
повратни информации за PM2,5 во реално време.
Повеќето загадувачи на воздухот во затворен простор спаѓаат во PM2,5 -
што се однесува на загадувачки честички во воздухот помали од 2,5
микрометри. Вообичаени извори на ситни честички во затворен простор се
чадот од тутун, готвењето и палењето свеќи. Некои бактерии што се
пренесуваат преку воздухот и најмалите спори на мувла, алергените од
домашни миленици и алергенските честички од грини исто така спаѓаат во
PM2,5.
Ниво на PM2,5 Боја на квалитет на воздух Ниво на квалитет на воздух
≤12 Сина Добро

Table of Contents

Related product manuals