656
Македонски
10 Темелно измијте ги рацете откако ќе ги исчистите филтрите.
Замена на филтрите
Објаснување за функцијата за блокирање на апаратот
поради заштита од нечист воздух
Овој пречистувач на воздух е опремен со индикатор за замена на филтерот,
што ќе овозможи филтерот за пречистување на воздух да е во оптимална
состојба кога работи пречистувачот на воздух. Кога филтрите треба да се
заменат, предупредувањето за замена на филтерот свети црвено.
Ако филтрите не се заменат навреме, пречистувачот на воздух ќе престане
да работи и автоматски ќе се блокира за да го заштити квалитетот на
воздухот во просторијата. Заменете ги филтрите најбрзо што можете.
Замена на филтрите
Забелешка:
Филтрите не се перат и не се за повеќекратна употреба.
Пред да извршите замена на филтерот, не заборавајте да го исклучите
пречистувачот на воздух и да го извадите адаптерот од ѕидниот штекер.
Кога предупредувањето за замена на филтерот се прикажува на екранот,
заменете го филтерот (FY4200).
Забелешка: На луѓето кои се алергични на прав, полен, домашни миленици
или мувла им препорачуваме да не ги менуваат филтрите сами или да се
заштитат со маска и ракавици.
1 Исклучете го пречистувачот на воздух и извадете го приклучокот од
приклучницата.