660
Македонски
Проблем Можно решение
Апаратот не работи правилно. Проверете дали предниот капак е поставен правилно.
Ако не, поради безбедносни причини, апаратот ќе
престане да работи.
Предупредувањето за замена на филтерот е вклучено, но
не сте го замениле соодветниот филтер. Како резултат на
тоа, апаратот сега е блокиран. Во тој случај, заменете го
филтерот и ресетирајте го бројачот за траење на
филтерот.
Протокот на воздух од отворот за излез
на воздух е значително послаб од
претходно.
Површината на филтерот е нечиста. Исчистете ја
површината на филтерот (погледнете го поглавјето
„Чистење и одржување“).
Квалитетот на воздух не се подобрува и
покрај тоа што апаратот работи долго
време.
Проверете дали амбалажата е отстранета од филтрите.
Проверете дали двата филтри (FY4200) се поставени
правилно.
Просторијата е голема или квалитетот на надворешниот
воздух е слаб.
За оптимални перформанси на пречистување, затворете
ги вратите и прозорците кога работи пречистувачот на
воздух.
Постојат внатрешни извори на загадување. На пример
пушење, готвење, темјан.
Филтрите се на крајот од работниот век. Заменете ги
филтрите со нови.
Апаратот испушта необичен мирис. При првите неколку употреби, апаратот може да испушта
мирис на пластика. Тоа е нормално. Меѓутоа, ако
апаратот испушта мирис на изгорено дури и по
отстранувањето на филтерот, контактирајте со
продавачот на производи од Philips или со овластен
сервисен центар на Philips. Филтерот може да испушта
мирис по одреден период на користење поради
апсорбирањето на внатрешните гасови. Ви
препорачуваме повторно да го активирате филтерот така
што ќе го ставите на директна сончева светлина за
повеќекратно користење. Заменете ги филтрите ако сè
уште испуштаат непријатен мирис.
Апаратот е многу гласен. Тоа е нормално ако апаратот работи во турборежимот.
Кога квалитетот на воздухот е слаб, апаратот ќе работи со
голема брзина и ќе биде погласен. Кога го користите
апаратот во спална соба навечер, изберете ја брзината
Мирување.
Ако се слуша необичен звук, контактирајте со центарот за
корисничка поддршка во вашата земја.