1232
Македонски
11 Заклучете ја рачката за закосување на штицата.
12 Поставете го садот Calc-Clean на штицата за пеглање или на друга рамна
и стабилна површина.
13 Поставете ја пеглата на садот Calc-Clean. Проверете дали врвот на
пеглата го собира во заштитникот за врв на садот.
14 Притиснете и задржете го копчето Calc во траење од 2 секунди сѐ додека
не слушнете краток звучен сигнал.
15 Во текот на постапката Calc-Clean, ќе слушнете кратки звучни сигнали и
звук на пумпање. Почекајте приближно 2 минути за апаратот да ја
заврши постапката.
Забелешка: садот Calc-Clean е наменет за собирање честички на бигор и
врела вода во текот на постапката Calc-Clean. Сосема безбедно е да ја
оставите пеглата на овој сад во текот на целата постапка.