EasyManua.ls Logo

Samsung ME73A - Инсталирање На Микробрановата Печка; Поставување На Времето

Samsung ME73A
112 pages
Go to English
To Next Page IconTo Next Page
To Next Page IconTo Next Page
To Previous Page IconTo Previous Page
To Previous Page IconTo Previous Page
Loading...
8
МАКЕДОНСКИ
ИНСТАЛИРАЊЕ НА МИКРОБРАНОВАТА ПЕЧКА
Поставете ја печката на рамна површина на височина од 85 cm
од подот. Површината треба да е доволно цврста за да ја издржи
тежината на печката.
1. Кога ја поставувате печката, оставете соодветен
простор за вентилација од најмалку 10 cm (4
инчи) одзади и од страните и 20 cm (8 инчи)
одгоре.
2. Отстранете ја амбалажата од внатрешноста на
печката.
Проверете дали чинијата се врти слободно.
3. Микробрановата печка треба да се постави така
да приклучокот биде достапен.
Доколку кабелот за напојување е оштетен, треба да се замени со
специјален кабел кој може да го набавите од производителот или
сервисерот.
За ваша безбедност, приклучете го кабелот во 3-пински,
230 волти, 50 Hz, AC приклучок со заземјување. Ако кабелот од
уредот е оштетен, треба да се замени со специјален кабел.
Не поставувајте ја микробрановата печка во топла и влажна
околина како на пример во близина на шпорет или радијатор.
Спецификациите за напојување на печката треба да се почитуваат
и секој продолжителен кабел треба да ги задоволува истите
стандарди кои важат за кабелот кој се испорачува со печката.
Пред првото користење на микробрановата печка избришете ја
внатрешноста и вратата за затворање со влажна крпа.
ПОСТАВУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО
Вашата микробранова печка има вграден часовник. Кога напојувањето
е вклучено, на екранот автоматски ќе се прикаже “12:00”.
Ве молиме поставете го моменталното време. Времето може да биде
прикажано во 12-часовен или 24-часовен формат. Часовникот мора
да го поставите:
Кога првпат ја инсталирате вашата микробранова печка
По прекин на напојувањето
Не заборавајте да го наместите часовникот при премин од летно
во зимско пресметување на времето и обратно.
1. За да се прикаже
времето во...
Потоа притиснете го
копчето за Часовник ( )...
24-часовен формат
12-часовен формат
Еднаш
Двапати
2. Поставете ги часовите со помош на копчето h и
минутите со помош на копчето min.
3. Кога ќе се прикаже точното време, повторно
притиснете го копчето за Часовник ( )за да го
активирате часовникот.
Резултат : Времето се прикажува секогаш кога
не ја користите микробрановата печка.
10 cm
одзади
20 cm
одгоре
10 cm од
страна
85 cm од
подот
ME73A-BOL_DE68-03794D_MK.indd 8 2011-09-10  11:53:53

Table of Contents

Other manuals for Samsung ME73A

Related product manuals