EasyManua.ls Logo

Stihl RM 248.3 - Page 495

Stihl RM 248.3
512 pages
Go to English
To Next Page IconTo Next Page
To Next Page IconTo Next Page
To Previous Page IconTo Previous Page
To Previous Page IconTo Previous Page
Loading...
Заштитете го бензинот од топлина и
пожар.
Не истурајте бензин.
Ако се истури бензин: Избришете го
бензинот со крпа и палете го моторот
додека не се исушат сите делови на
косилката за трева.
Не пушете!
Не полнете гориво во близина на
отворен оган.
Пред да ставате гориво изгаснете го
моторот и почекајте да се олади.
Ако резервоарот треба да се испразни:
Правете го тоа на отворено.
Палете го моторот најмалку 3 m од
местото на полнење гориво.
Никогаш не чувајте ја косилката за трева
во затворен простор со бензин во
резервоарот.
Вдишување на испарувачки гасови од
бензинот може да предизвика труење.
Не вдишувајте испарувачки гасови.
Полнете гориво на добро проветрено
место.
Косилката за трева за загрева кога работи.
Бензинот тогаш се шири, а во резервоарот
за гориво може да се зголеми притисокот.
Ако капачето на резервоарот е отворено,
бензинот може да прска надвор. Бензинот
што прска може да се запали. Корисникот
може сериозно да се повреди.
Оставете ја косилка за трева прво да се
олади, а потоа отворајте го капачето на
резервоарот.
Облеката што доаѓа во контакт со бензинот
е позапалива. Лицата може да бидат
сериозно повредени или да загинат и може
да се предизвика материјална штета.
Ако облека дојде во контакт со бензин:
Соблечете ја.
Бензинот може да ја загади животната
средина.
Не истурајте гориво.
Фрлете го бензинот во согласност со
прописите и на еколошки начин.
Ако бензинот дојде во контакт со кожата
или очите, може да предизвика нивна
иритација.
Избегнувајте контакт со бензин.
Ако дојде во контакт со кожата: Измијте
ги погодените области на кожата со
многу сапун и вода.
Ако дојде во контакт со очите:
Исплакнете ги очите со многу вода
најмалку 15 минути и консултирајте се со
лекар.
Системот за палење на косилата за трева
создава искри. Во многу запаливи или
експлозивни средини, искрите може да
излетаат и да предизвикаат пожари и
експлозии. Лицата може да бидат сериозно
повредени или да загинат и може да се
предизвика материјална штета.
Користете свеќички како што е опишано
во упатството за употреба на моторот.
Зашрафете ја свеќичката и цврсто
затегнете ја.
Цврсто притиснете го приклучокот за
свеќичката.
Полнење на косилката за трева со бензин
што е несоодветен за моторот може да ја
оштети косилката за трева.
Ставајте свежо брендирано гориво
(безоловен бензин).
Следете ги спецификациите во
упатството за употреба на моторот.
4.8 Работење
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Ако корисникот не го запали моторот
правилно, може да ја изгуби контролата врз
косилката за трева. Корисникот може
сериозно да се повреди.
Запалете го моторот како што е опишано
во ова упатство за употреба.
Корисникот не може да работи
сконцентрирано во одредени ситуации.
Корисникот може да се сопне, да падне и
да биде сериозно повреден.
Работете смирено и внимателно.
Косете само кога има добра видливост.
Ако осветлувањето и видливоста се
слаби, не работете со косилката за
трева.
Работете сами со косилката за трева.
Внимавајте на пречките.
Не навалувајте ја косилката за трева.
Работете стоејќи на тлото и одржувајте
ја вашата рамнотежа.
Ако почувствувате знаци на замор:
Направете пауза.
Ако косите по падини: Косете напречно
по падината.
Не работете на падини со наклон
поголем од 25° (46,6%).
Користете ја косилка за трева со посебна
претпазливост кога работите во близина
на падини, рабови на површини, јами и
насипи.
4 Безбедносни упатства македонски
0478-111-9800-B 495

Table of Contents

Related product manuals