► Работното време планирајте го така што
ќе се избегнат поголеми оптоварувања
во тек на подолг временски период.
■
Кога моторот работи, се создаваат издувни
гасови. Вдишување на издувни гасови може
да предизвика труење.
►
Не вдишувајте издувни гасови.
► Работете со косилката за трева на добро
проветрени места.
► Ако чувствувате гадење, главоболка,
нарушување на видот, нарушување на
слухот или вртоглавица: Престанете да
работите и отидете на лекар.
■
Ако корисникот носи штитник од бучава
кога моторот работи, тој може да ги слуша
и проценува звуците во ограничен степен.
►
Работете смирено и внимателно.
■ Косилката за трева е опремена со
механизам за стопирање на моторот.
► Моторот и ножот запираат во рок од 3
секунди по ослободување на рачката-
прекинувач.
■
Корисникот може да се пресече од
ротирачкиот нож. Корисникот може
сериозно да се повреди.
► Извлечете го приклучокот за
свеќичката.
► Не допирајте го ротирачкиот нож.
► Ако ножот е блокиран од предмет:
Изгасете го моторот. Само со
изгасен мотор, тргнете го
предметот.
■
Ако косилката за трева го смени начинот на
работа или се однесува невообичаено,
можно е косилката за трева да не е во
безбедна состојба. Луѓето може да бидат
сериозно повредени и може да се
предизвика материјална штета.
►
Прекинете ја работата и обратете се кај
овластен дистрибутер на STIHL.
■ Косилката за трева може да вибрира кога
работи.
► Носете заштитни ракавици.
► Направете пауза.
► Ако чувствувате знаци на нарушување
на циркулацијата: Одете на лекар.
■ Проверете ја површината за косење и
внимавајте на пречките. Ако ножот удри во
предмет додека работи, тој или делови од
него може да излетаат со голема брзина.
Луѓето може да бидат повредени и може да
се предизвика материјална штета.
► Од работната површина
отстранете ги предметите како
што се камења, стапови, жици,
играчки или други предмети.
Обележете ги скриените предмети
што не може да се отстранат.
■
Кога се ослободува рачката-прекинувач,
ножот продолжува да ротира кратко време.
Луѓето може да бидат сериозно повредени.
► Почекајте додека ножот не
престане да се врти.
► Не откачувајте ја корпата за
искосената трева додека ножот не
престане да се врти.
■
Ако ротирачкиот нож удри во тврд предмет,
може да се појават искри. Искрите може да
предизвикаат пожар во лесно запалива
околина. Луѓето може да бидат сериозно
повредени или да загинат и може да се
предизвика материјална штета.
►
Не работете во лесно запалива околина.
■ Ако косилката за трева е поставена на
нерамна површина, можно е да се стркала.
Луѓето може да бидат повредени и може да
се предизвика материјална штета.
►
Оставајте ја косилката за трева само
кога е на рамна површина и не може да
се стркала сама по себе.
■
Ако на рачката се закачат предмети,
косилката за трева може да се преврти
поради дополнителната тежина. Луѓето
може да бидат повредени и може да се
предизвика материјална штета.
►
Не закачувајте никакви предмети на
рачката.
ОПАСНОСТ
■
Ако се работи во близина на струјни кабли,
ножот може да дојде во контакт со нив и да
ги оштети. Корисникот може да биде
сериозно повреден или да загине.
►
Не работете во близина на струјни
кабли.
■ Ако се работи кога грми, корисникот може
да биде погоден од гром. Корисникот може
да биде сериозно повреден или да загине.
►
Ако има грмежи: Не работете.
■ Ако работи на дожд, корисникот може да се
лизне. Корисникот може да биде сериозно
повреден или да загине.
►
Ако врне: Не работете.
македонски 4 Безбедносни упатства
496 0478-111-9800-B