EasyManua.ls Logo

VOX electronics INF-3400 - Инсталација И Ракување Со Вашиот Фрижидер

VOX electronics INF-3400
121 pages
Print Icon
To Next Page IconTo Next Page
To Next Page IconTo Next Page
To Previous Page IconTo Previous Page
To Previous Page IconTo Previous Page
Loading...
MK -44-
• Не допирајте ги коцките мраз направени во замрзнувачот со раце. Може
да предизвикаат смрзнување на ткивото и/или посекотини.
• Не допирајте ја замрзнатата храна со мокри раце! Не јадете сладолед
или мраз веднаш откако ќе ги извадите од замрзнувачот!
• Не замрзнувајте ја одново замрзнатата храна што веќе се одмрзнала.
Може да си наштетите на здравјето со труење од храна.
• Не покривајте го куќиштето со тантела и не ставајте тантела врз него. Тоа влијае
врз работата на ладилникот.
• Фиксирајте ја дополнителната опрема во фрижидерот во текот на транспортот за да
спречите нејзино оштетување.
Инсталација и ракување со вашиот фрижидер
Пред да почнете да го користите фрижидерот, обрнете внимание на следниве работи:
• Работниот напон на фрижидерот е 220-240 волти при 50 херци.
• Приклучокот мора да биде на дофат после инсталацијата.
• При првото вклучување може да се појави мирис. Ќе исчезне кога уредот ќе почне
да лади.
• Пред да поврзете во струјно коло, осигурете се дека напонот означен на плочката
со името на уредот одговара на напонот во вашата мрежа дома.
• Вклучете го приклучокот во штекер со ефикасно заземјување. Доколку штекерот
не е заземјен или не одговара, ви препорачуваме да повикате авторизиран
електричар да ви помогне.
• Уредот мора да биде поврзан на штекер со соодветен осигурувач. Напојувањето и
напонот на напојната точка мора да соодветствуваат со деталите на плочката на
уредот (таа се најдува на внатрешната лева страна на уредот).
• Не преземаме одговорност за штета настаната поради незаземјени приклучоци.
• Поставете го фрижидерот на добро место кое нема да биде изложено на директна
сончева светлина.
• Фрижидерот не смее никогаш да се користи на отворено или да се остава на дожд.
• Треба да биде на најмалку 50 см од извори на топлина како шпорети, фурни,
радијатори и печки и најмалку на 5 см од електрични фурни.
• Ако фрижидерот е веднаш до сандак за длабоко замрзнување,
неопходно е да се остави најмалку 2 см помеѓу нив со цел да се
избегне кондензација на надворешните површини.
• Не оставајте тешки предмети на уредот.
• Целосно чистете го уредот, особено во внатрешноста, пред да го
користите (видете го делот Чистење и одржување).
• Процедурата за инсталирање во кујнските елементи е дадена
во прирачникот за инсталација. Уредов е наменет за користење
единствено во соодветни кујнски елементи.
• Пред да го користите фрижидерот, избришете ги сите делови одзади со топла вода
во којашто ќе додадете една лажичка сода бикарбона, потоа исплакнете ги со
чиста вода и избришете ги. Ставете ги сите делови на место по чистењето.

Table of Contents

Related product manuals