EasyManua.ls Logo

VOX electronics INF-3400 - Чување На Храна Во Уредот; Оддел За Ладење; Оддел За Замрзнување

VOX electronics INF-3400
121 pages
Print Icon
To Next Page IconTo Next Page
To Next Page IconTo Next Page
To Previous Page IconTo Previous Page
To Previous Page IconTo Previous Page
Loading...
MK -48-
Оддел за ладење
Фрижидерскиот оддел се користи за складирање на свежи продукти за неколку дена.
• Не ја ставајте храната многу блиску до задниот ѕид на фрижидерот. Оставете
простор помеѓу ѕидот и храната за да се обезбеди циркулација на ладниот воздух.
• Не ставајте топли продукти или течности кои испаруваат во фрижидерот.
• Секогаш ставајте ги продуктите во затворени садови или во амбалажа.
• За да ја намалите влагата и да се избегне створање на мраз, никогаш не ставајте
течности во отворени садови во фрижидерот.
• Препорачливо е месото, од било кој вид да биде спакувано во амбалажа и поставено
на стаклена полица, над зеленчукот, затоа што тука воздухот е поладен.
• Свежото овошје и зеленчук можете да ги ставате во фрижидерот и без пакување.
• За да се избегне пораст на температурата во фрижидерот, избегнувајте често
отворање на вратата и никогаш не ја оставајте предолго вратата отворена.
Долу ќе најдете предлози за ставање и чување храна во преградите за ладење.
ЧУВАЊЕ НА ХРАНА ВО УРЕДОТДЕЛ: 3
Храна
Максимално време за
чување
Каде се става во
преградата за ладење
Овошје и зеленчук 1 седмица Корпа за зеленчук
Месо и риба 2 - 3 дена
Завиткани во пластична фолија
или ќеса во садот за месо
(на стаклената полица)
Свежо сирење 3 - 4 дена Во специјална полица на вратата
Путер и маргарин 1 седмица Во специјална полица на вратата
Производи во шише
млеко и јогурт
До истекот на рокот
што го одредува
производителот
Во специјална полица на вратата
Јајца 1 месец На полицата за јајца
Зготвена храна На сите полици
Оддел за замрзнување
Одделот за замрзнување се користи за замрзнување на свежи продукти како и за
чување на замрзнати продукти до рокот кој е означен на нивното пакување.
• За замрзнување на свежи продукти : Спакувајте и означете ги свежите продукти така
што во пакувањето да нема воздух и да е овозможено да тече течност. Специјални
ќеси за замрзнувач, алуминиумска фолија и пластични садови се идеални за таа
цел.
• За да постигнете максимален капацитет во одделот за замрзнување, користете
ги стаклените полици за горниот и средниот дел. Користете ја долната корпа за
долниот дел.
• Не дозволувајте свежите продукти кои сакате да ги замрзнете, да дојдат во контакт
со веќе замрзнатите продукти.

Table of Contents

Related product manuals