MK -49-
• Секогаш обележете датум и содржина на пакувањето кое го замрзнувате за да не
го пречекорите рокот.
• Во случај на дефект или оневозможеност од напојување со струја, во замрзнувачот
ќе се одржи ниска температура. Избегнувајте отворање на вратата на замрзнувачот.
• Максималната количина на свежи продукти кои можат да се чуваат во замрзнувачот
во рок од 24 часа е обележана на етикетата (видете капацитет на замрзнување).
• Никогаш не ставајте топли продукти во замрзнувачот.
• Кога ставате продукти, задолжително проверете дали амбалажата е оштетена.
• Рокот на траење и препорачаната температура за чување на продуктите се
назначени на пакувањето. За чување и употреба на продуктите секогаш следете
ги упатствата на производителот. Доколку нема податоци за рокот на траење на
продуктите, тогаш не треба да се чуваат подолго од 3 месеци.
• Ставајте ги замрзнатите продукти во замрзнувач веднаш после купувањето.
• Никогаш немојте повторно да замрзнувате продукти кои еднаш сте ги одмрзнале.
• За правење коцки мраз : Наполнете го со вода садот за мраз. Откако се направил
мраз можете да го завртите садот за да испаднат коцките (како што е прикажано
на сликата).
Важна забелешка:
• Штом ќе се одмрзне, замрзнатата храна треба да се зготви исто како и свежата
храна. Ако не ја зготвите кога ќе се одмрзне, НИКОГАШ не смее повторно да се
замрзнува.
• Вкусот на одредени зачини ставени во зготвените јадења (анасон, босилек,
поточарка, оцет, сортни зачини, ѓумбир, лук, кромид, сенф, темјан, мајоран, црн
бибер и сл) се менува и тие имаат силен вкус кога се чуваат подолг период. Затоа,
на замрзнатата храна треба да се додава мала количина од зачинот или саканиот
зачин треба да се стави откако храната ќе се одмрзне.
• Периодот на чување на храната зависи од употребеното масло. Соодветни масла
се маргарин, телешка маст, маслиново масло и путер, а несоодветни се масло од
кикиритки и свинска маст.
• Храната во течна форма треба да се замрзнува во пластични садови, а другата
храна во пластични фолии или кеси.
На страниците 50, 51 и 52 ќе најдете предлози за ставање и чување храна во
преградите на замрзнувачот.