MK -55-
Совети за зачувување на енергија
1. Монтирајте го апаратот во ладна, добро проветрена соба, но не на директна
сончева светлина и не во близина на извор на топлина ( радијатор, шпорет...итн).
Во спротивно, користете изолирачка облога.
2. Дозволете храната и пијалоците да се оладат надвор од апаратот.
3. Кога ја одмрзнувате замрзната храна, ставете ја во преградата на фрижидерот.
Ниската температура на замрзната храна дополнително ќе ја олади преградата
кога се одмрзнува.На тој начин овозможува зачувување на енергија. Ако замрзната
храна е расипана, придонесува за губиток на електрична енергија.
4. Кога ставате пијалаци или садови полни со пијалаци тие мора да се покриени. Тие
ја зголемуваат влажноста во апаратот. На тој начин работното време се зголемува.
Исто така, пијалаците и а полни со пијалоци ако се покриени помагаат да се зачува
мирисот и вкусот.
5. Кога ставате храна или пијалоци, отворете ја вратата на апаратот колку што е
можно побрзо.
6. Чувајте ги блиску покриените садови со различна температура во апаратот
(потопли, поладни ...итн).
7. Преградата на вратата мора да биде чиста и еластична. Сменете ги преградите ако
се долго време употребувани.
ВАЖНА НАПОМЕНА:
• За да се зголеми просторот и да се подобри изгледот, „делот за ладење“ е поставен
во внатрешноста на задниот ѕид на одделот на фрижидерот. Кога компресорот
работи, овој ѕид се покрива со вода или мраз. Не грижете се. Ова е нормално.
Уредот треба да се одмрзнува само доколку на ѕидот се создаде дебел слој мраз.
• Извадете го приклучокот од штекер ако нема да го користите ладилникот подолг
период (како за време на годишните одмори). Исчистете го ладилникот како што
е посочено во поглавје 4 во овој документ и оставете ги вратите отворени за да
спречите создавање влага или миризба.
• Доколку проблемот се’ уште постои и после следењето на погорните инструкции,
советувајте се со најблискиот авторизиран сервис.
• Уредот кој го купивте е наменет само за домашна употреба и може да се користи
само дома и за наведените намени. Не е погоден за комерцијална или општа
употреба. Доколку клиентот го користи уредот на начин кој не е во согласност со
овие карактеристики, нагласуваме дека производителот и продавачот нема да
одговараат за било каква поправка или дефект за време на гаранцијата.
• Работниот век на апаратот наведен од страна на Генералниот директорат за
заштита на потрошувачи и надзор на пазари под турското Министрество за
царина (периодот за обезбедување на резервни делови за исправно
функционирање) е 10 години.