142
Редовно чистете ги внатрешниот и надворешниот дел на пречистувачот на воздух за да не се
насобере прав.
1 Користете мека и сува крпа за да ги исчистите внатрешната и надворешната површина на
пречистувачот на воздух.
2 Со сува и мека крпа може да се чисти и излезот за воздух.
Чистете го сензорот за честички секои 2 месеци за оптимално работење на апаратот.
•
Ако пречистувачот на воздух се користи во правливо опкружување, можеби ќе треба почесто
да се чисти.
•
Ако нивото на влажност во просторијата е многу високо, на сензорот за честички може да
се појави кондензација и светлото за квалитет на воздух може да покаже послаб квалитет
на воздухот иако квалитетот на воздухот е всушност добар. Ако се случи тоа, исчистете го
сензорот за честички.
1 Исклучете го пречистувачот на воздух и извадете го приклучокот од приклучницата.
2 Повлечете го задниот капак и отстранете го од апаратот (сл. c).
3 Исчистете го сензорот за честички со влажно стапче со памучен врв (сл. v).
4 Темелно исушете ги сите делови со суво стапче со памучен врв.
5 Повторно прицврстете го задниот капак (сл. g).
На екранот се прикажува предупредувањето за
чистење на филтерот (сл. w).
Исчистете ја површината на филтерот со
правосмукалка.
1 Исклучете го пречистувачот на воздух и извадете го приклучокот од приклучницата.
2 Повлечете го задниот капак и отстранете го од апаратот (сл. c).
3 Извадете го филтерот од апаратот (сл. x).
4 Исчистете ја површината на филтерот со правосмукалка (сл. y).
5 Вратете го филтерот во апаратот (сл. f).
6 Поставете го задниот капак. (сл. g)
7 Вметнете го приклучокот на пречистувачот на воздух во приклучницата.
8 Допрете го копчето за да го вклучите апаратот.
9 Допрете го копчето за проверка/ресетирање на статусот на филтерот и задржете го 3
секунди за да го ресетирате времето на чистење на филтерот.
10 Темелно измијте ги рацете откако ќе го исчистите филтерот.