Ракување
Climate 2000 – 6721852026 (2024/05)
88
Ладење
▶Притискајте го копчето Mode додека на екранот не се прикаже
.
▶Притискајте го копчето додека не ја достигнете саканата
брзина на дување.
▶Поставете ја посакуваната температура со копчињата . и /.
Режим на вентилатор
▶Притискајте го копчето Mode додека на екранот не се прикаже
.
▶Притискајте го копчето додека не го достигнете са
каниот
с
тепен на вентилаторот. За автоматска регулација може да го
изберете копчето AUTO.
Температурата не може да се одредува или да се види кога е
поставен режим на вентилатор.
Одвлажнување
▶Притискајте го копчето Mode додека на екранот не се прикаже
.
▶Поставете ја посакуваната температура со копчињата . и /.
Степенот на вентилаторот не може да се одредува кога уредот е во
режим на одвлажнување.
Греење
▶Притискајте го копчето Mode додека на екранот не се прикаже
.
▶Поставете ја посакуваната температура со копчињата . и /.
▶Притискајте го копчето додека не ја достигнете саканата
брзина на дување.
Кога надворешната температура е многу ниска, резултатите од
работата на системот за климатизација може да не бидат
задоволителни. Во такви случаи, препорачуваме да поставите
дополнително грејно тело.
3.5 Поставување тајмер
Тај ме рот за вклучување и исклучување можете да го поставувате
меѓу 0 до 24 часа, при што првите 10 часа можете да ги поставувате
во периоди од по 30 минути, а повеќе од тоа во периоди од по 1 час.
Ако поставите на 0 часа, тајмерот се поништува.
Поставување на тајмер за вклучување на уредот
▶Притискајте го копчето додека не се прикаж
е симболот .
▶Притискајте на . или / додека не се постави посакуваното
време.
По кратко време, поставката се презема.
Поставување на тајмер за исклучување на уредот
▶Притискајте го копчето додека не се прикаже симболот .
▶Притискајте на . или / додека не се постави посакуваното
време.
По кратко време, поставката се презема.
Откажување на тајмерот
▶ Изберете го соодветниот тајмер со копчето .
▶Поставете на 0,0 часа.
По кратко време, тајмерот ќе се откаже.
Комбинирање на тајмерот
Двата тајмера може истовремено да се поставуваат. Секој тајмер
може да се испрограмира да се активира пред другиот.
▶Поставете го тајмерот за вклучување и исклучување на уредот.
Пос
т
авките автоматски се комбинираат.
Таб. 80 Пример
Не може да се испрограмира тајмерот за вклучување и исклучување
за уредот да работи со различни температури или други поставки.
3.6 Други функции
3.6.1 Поставување на функција за дување во повеќе насоки
HAПOMEHA
Кога перката за насочување на воздухот се задржува во најдолната
позиција подолг временски период за време на ладењето, може да
се појави кондензација. Рачното вертикално приспособување на
перката за насочување на воздухот може да предизвика дефект.
▶ Употребувајте го само далечинскиот управувач за да ја
приспособите вертикално перката за насочување на воздухот.
Хоризонтално движење на перката (лево/десно)
Хоризонталната позиција мора да се постави рачно.
▶Исклучете ја внатрешната единица од струја.
▶ Спуштете ја надолу преградата за воздух ( Слика 2).
▶Занишајте ја перката за насочување на воздухот со рака
хоризонтално во посакуваната позиција.
▶ Вратете ја преградата за воздух во ориги
налната позиција.
Автоматско вертикално движење на перката (нагоре/надолу)
▶Држете го копчето Swing притиснато подолго од 2 секунди за да
се активира вертикалното движење на перките.
На далечинскиот управувач ќе се појави симболот .
▶За да заврши автоматското вертикално движење на перките:
повторно притиснете го копчето Swing.
Позиција на чистење
За поедноставно
чистење, можете да ја наместите перката за
насочување на воздухот во посебна позиција (зависно од моделот).
▶Кога уредот е исклучен, држете ги притиснати истовремено
копчињата Mode и Swing во траење од една секунда.
▶За да ја смените позицијата на чистење: повторно држете ги
двете копчиња притиснати.
3.6.2 Вклучување на индикаторот и алармот (Mu
te Mode)
▶За да го вклучите или исклучите дисплејот на внатрешната
единица и алармот: притиснете го копчето LED.
▶За да се прикаже актуелната собна температура: држете го
копчето LED притиснато 5 секунди.
▶За да се прикаже поставената температура: држете го копчето
LED притиснато уште 5 секунди.
Актуелно време 13:00 час
Поставки за тајмерот за вклучување 4,0 часа
Поставки за тајмерот за
исклучување
8,5 часа
Време на вклучување 17:00 час
Време на исклучување 21:30 час