Отстранување дефекти
Climate 2000 – 6721852026 (2024/05)
90
4 Отстранување дефекти
4.1 Дефекти со приказ на код (Self diagnosis function)
Ако се случи некаков дефект на уредот, трепкаат LED-сијаличките
подолго време или дисплејот го покажува кодот за дефект
(пр. EH 02).
Ако некој дефект не престане и по 10 минути:
▶Исклучете ја кратко и повторно вклучете ја внатрешната единица.
Ако дефектот продолжи:
▶Јавете се во корисничката служба и кажете го кодот на дефект и
дајт
е податоци за уредот.
4.2 Дефекти без приказ на код
Ако се појават дефекти за време на работата што не може да се
отстранат:
▶Јавете се во корисничката служба и кажете го дефектот и дајте
податоци за уредот.
Таб. 81
Дефект Можна причина
Моќноста на внатрешната единица е можеби
преслаба.
Температурата е превисоко или прениско поставена.
Филтерот за воздух е извалкан и мора да се исчисти.
Неповолни влијанија од околината врз внатрешната единица, на пример, попречени отвори за
воздух на уредот, отворени врати/прозорци во просторијата или многу јаки извори на топлина
во просторијата.
Се активира тивката работа и спречу
ва
целосно искористување на капацитетот.
Внатрешната единица не се вклучува. Внатрешната единица има механизам за заштита од преоптоварување. Може да поминат 3
минути додека да биде возможно повторно стартување на внатрешната единица.
Батериите на далечинскиот управувач се празни.
Тајмерот е вклучен.
Начинот на работа се мен
ува
од ладење или
греење во режим на вентилатор.
Внатрешната единица го менува начинот на работа за да го спречи формирањето мраз.
Поставената температура е привремено достигната.
Внатрешната единица генерира бела магла. Големите температурни разлики меѓу воздухот во просторијата и климатизираниот воздух во
влажни региони може да предизвика бела магла.
Внатрешната и н
а
дворешната единица
генерираат бела магла.
Ако греењето се вклучи директно по одмрзнувањето, може да се создаде бела магла поради
зголемената влажност на воздухот.
Внатрешната и надворешната единица
создаваат бучава.
Може да се создаде звук на шуштење во внатрешната единица ако решетката за струење на
воздухот се ресетира.
Малото шуштење поради работата е сос
ема
нормално. Може да се создаде поради
протекување на разладното средство.
Може да се појави звук на чкрипење додека се шират или собираат металните и пластичните
делови на уредот за време греењето/ладењето.
Надворешната единица прави разни звуци за време на работата, коишто се нормални.
Внатрешната или надворешната единица
ис
пушта прав.
За време на подолги периоди на исклучен уред, може да се насобере прав во него ако не бил
покриен.
Лош мирис за време на работата. Лошиот мирис што се шири во воздухот може да навлезе во уредот и уредот да го рашири.
Филтерот за воздух има мувла и мо
ра да
се исчисти.
Вентилаторот на надворешната единица не
работи постојано.
Вентилаторот работи различно заради оптимална работа.
Работата е непостојана, непредвидлива или
внатрешната единица не реагира.
Може да има пречки предизвикани од предаватели за мобилна телефонија или засилувачи на
сигнал.
▶ Исклучете ја внатрешната единица краткотрајно од струја и повторно вклучете ја.
Прегра
дата за воздухот или перката за
насочување на воздухот не се движи
правилно.
Преградата за воздухот или перката за насочување на воздухот била приспособена рачно или
не е правилно монтирана.
▶ Исклучете ја внатрешната единица и проверете дали компонентите се правилно наместени.
▶ Вклучете ја внатрешната единица.